Окта - Финансиски резултати за 3 квартал од 2017 година

Стабилна профитабилност поддржана од зголемувањето на продажбата на домашниот пазар и пазарниот удел.

okta-finansiski-rezultati-za-3-kvartal-od-2017-godina-1.jpg

ОКТА оствари висока профитабилност во третиот квартал од 2017 година, како резултат на растечкиот тренд на обемот на продажба на домашниот пазар и зголеменото пазарно учество, поддржана со тековните структурни оптимизации. Понатаму, со успешно надминување, и тоа во повеќе наврати, на екстремните ситуации поврзани со лошите временски услови и граничната блокада, со кои се соочи во првите месеци од 2017 година, ОКТА останува главен гарант за снабдување со гориво во земјата.

Оттука, прилагодената ЕБИТДА, како клучен показател за оперативната профитабилност на компанијата, изнесува 242 милиони денари за третиот квартал од 2017 година, во споредба со 206 милиони денари за третиот квартал од 2016 година. Исто така, кумулативно за девет месеци, прилагодената ЕБИТДА изнесува 413 милиони денари, што е на пониско ниво во однос на истиот период минатата година, како резултат од профитот на еднократната продажба на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што ја зголеми прилагодената ЕБИДТА на ниво од 455 милиони денари. Од друга страна, со исклучок на овој еднократен ефект, прилагодената ЕБИДТА за девет месеци во 2016 година би била пониска во споредба со истиот период од 2017 година. Приходите од продажба продолжуваат да се зголемуваат, достигнувајќи 16.674 милиони денари, споредено со 13.523 милиони денари во истиот период минатата година. Добивката пред оданочување за девет месеци од 2017 година, беше негативно погодена за 22 милиони денари поради падот на меѓународните цени на нафтените деривати како и влијанието на негативниот ефект од промена на цените на залихата, за разлика од 2016 година кога истиот ефект беше позитивен во износ од 78 милиони денари.

Со генерирање на прикажаните значителни оперативни резултати, ОКТА успеа да ја задржи својата стабилна финансиска позиција, покривајќи ги своите планирани капитални трошоци и потребите за тековен капитал. Исто така, во септември 2017 година ОКТА ја реализираше исплатата на дивиденда втора година по ред во својата историја.

okta-finansiski-rezultati-za-3-kvartal-od-2017-godina-2.jpg

Во текот на последниот квартал, ОКТА остана посветена на благосостојбата на граѓаните и подобрување на нивниот секојдневен живот. Така, компанијата донираше компјутери и климатизери во општата болница во Гостивар со што помогна во подобрувањето на условите за пациентите и вработените. Со доделување на 10 стипендии за постдипломски студии на студентите на УКИМ, ОКТА очекува да изгради кадри кои ќе бидат движечка сила за развојот на земјата. Вработените на ОКТА уште еднаш ја демонстрираа својата хуманост со учество во Светскиот ден на гладот, преку колективно доброволно откажување од сопствениот оброк и организирање традиционална крводарителна активност.

ОКТА останува посветена на фер и транспарентна соработка со сите своите партнери, добавувачи и клиенти, со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување на гориво со највисок квалитет на домашниот и странскиот пазар, а притоа продолжува да расте и придонесува кон општеството.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Се слави Собор на Свети Архангел Гаврил – денот кога жените треба да се помолат за потомство Неговата икона секојдневно ви поминува низ рака. Дали сте забележале дека на бан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg