Timberland слави 10 години во Македонија

Овој ноември брендот Timberland слави 10 години постоење во Македонија. Двете продавници во Скопје Сити Мол  и ТЦ Рамстор се место каде љубителите на квалитетни производи со урбан карактер и безвременски дух, секоја сезона можат да ги најдат најновите колекции за жени, мажи и деца. На 11-ти ноември купувачите ќе имаат можност да прослават заедно со својот омилен бренд преку различни активности, попусти и изненадувања во двете продажни места на брендот.

timberland-slavi-10-godini-vo-makedonija-01.jpg

Timberland е глобален лидер за дизајн, производство и продажба на премиум обувки, облека и модни додатоци за активен животен стил. Иако прв и најпознат производ на овој бренд се жолтите чизми, денес Timberland создава целосни колекции кои го рефлектираат богатото наследство на брендот во однос на изработката, функцијата и стилот.

Жолтите чизми прв пат се појавуваат во 1973 година,  и од обувки наменети за работници, стануваат икона на брендот и симбол на урбаните генерации и поп културата. Со својата едноставност, безвремен изглед, издржливост и долготрајност, жолтите чизми се must-have за современите луѓе кои бараат квалитет во секој аспект од нивниот живот. 

timberland-slavi-10-godini-vo-makedonija-02.jpg

Посветеноста на Timberland на изработка на квалитетни производи оди заедно со огромен ангажман за зачувување на природата и социјална одговорност. Во 2007 година, Timberland започнува проект наречен Earthkeepers, односно создавање на чевли кои ќе бидат направени од рециклирани материјали. Иако ваквиот проект се чинел амбициозен, денес, десет години подоцна 84% од чевлите на брендот содржат барем една компонента која е рециклирана или органска. 270 милиони пластични шишиња се претворени во материјал за изработка на одредени делови од чевлите Timberland.

timberland-slavi-10-godini-vo-makedonija-03.jpg

Вработените во компанијата секоја година учествуваат во голем број “зелени”акции на глобално ниво, a резултатите се импозантни – 9.2 милиони засадени дрва од 2001 година; 53% намалување на емитувањето на отровни гасови од 2006 година до сега со користење на обновливи извори и употреба на нови технологии на производство. 

timberland-slavi-10-godini-vo-makedonija-04.jpg

timberland-slavi-10-godini-vo-makedonija-05.jpg

За да ја прославиме 10 годишнината на Timberland во Македонија, на 11 ноември (сабота), како дел од настанот “Re-boot Your Boots” во продавницата во Skopje City Mall, купувачите покрај можноста да уживаат во многу изненадувања, поволности при купувањето и подароци, ќе можат и да ги персонализираат своите чизми со цртежи или исписи по нивен избор, а направени од страна на професионални тату уметници. 

Ќе ни биде задоволство да ве видиме на 11-ти ноември од 12 часот и да прославиме заедно!

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg