Како да испланирате совршена роденденска забава за возрасни?
- Детали
- среда, 08 ноември 2017
Роденденот е посебен настан кој најубаво се прославува во кругот на блиските и саканите. Возрасните уживаат во забавите дури повеќе и од децата. А навистина е прекрасно кога луѓето кои ги сакаме ќе не почестат со своето присуство.
Јубилејните родендени кои заокружуваат една деценија се особено возбудлив повод за прослава, па доколку се ближи твојот 30, 40 или 50 ти роденден сигурно овие совети ќе ти дадат одговори на многу дилеми и ќе бидат твој потсетник.
Почнете навреме. Секогаш е подобро да се има малку екстра време за подготовките. Почнете навреме, за да се осигурате дека нема да има потреба од маратонско трчање по продавници и ангажирање пријатели да донесат што недостасува. Изберете место и направете навремени резервации доколку се одлучите забавата да биде надвор од вашиот дом.
Направете листа на гости, за да не се случи да заборавите некој важен пријател. Листот имајте го при себе, за да допишете име доколку се сетите дека сте изоставиле некого.
Изработете роденденски покани. Мора да признаеме дека на сите ни е жал што таа практика, да си даваме и испраќаме покани во печатена форма, заминува во минатото. Посебно е чувството и честа кога некој ќе ви врачи роденденска покана. Сепак, доколку не сте од оние кои би изработувале рачно покани, задржете се до оние готови формати достапни на сајтовите како Canva и Evite, од каде имате можност да ги испратите и како е-картички.
Сигурно сакате на блиските и саканите луѓе да им приредите нешто што ќе им го стопли срцето, ќе им причини задоволство, ќе им остане долго во сеќавање, ќе креира спомени и чувства на прекрасно поминато време.
Нема забава или прослава без десерт на крајот, а меѓу десертите – тортата е кралица. Тортите навистина заземаат посебно место на трпезата, особено кога тој величенствен изглед и вкус ќе го поттикнат ендорфинот - тешко е да се замисли дека можеме да го замениме овој десерт со нешто друго што му причинува таква радост на организмот.
Ако организирате прослава во кругот на најблиските, а не сакате баш целото време да го поминете во кујна зад шпоретот, а сепак да понудите нешто традиционално, кое изгледа како домашно, ви предлагаме вкусни, торти од Винчини, кои покрај тоа што се вкусни и изгледаат импресивно.
Она што е сигурно, ќе имате повеќе време за себе и за дружење со најблиските. Уживајте во животот!