Коктели пиеме и во зима

Ладното време не е причина да се затворите дома и да заборавите на добата забава. Кој е подобар начин да го загреете телото ако тоа не е со добар коктел или добра музика која ќе ви го обземе телото?  Да, добро разбравте, коктели пиеме преку цела година. Ги рушиме стереотипите и бариерите, им пркосиме на правилата и гласно велиме, коктелите не се само за на плажа. Постојат многу вкусни коктели кои се создадени за во зима.

kokteli-pieme-i-vo-zima-01.jpg

Најдобриот бармен во Македонија, Филип Арнаудов советува кои коктели се одлични за зимската сезона и кои најдобро одат во комбинација со добра музика и забава.

Подгответе се за возбудлива коктел сезона, додадете нота шаренило на студените денови, помешајте ги вкусовите и сетилата и дозволете адреналинот да дивее на подиумот за играње.

Прв на листата го става своето ремек дело од коктел, коктелот Белегзија кој е посебен по својата комбинација на автентични македонски пијалаци, лозова ракија во комбинација со сок од јаболко и сируп од слатко од смокви и ванила сируп.

Следниот на листа е коктелот Rusty nail кој често може да се најде на коктел менијата низ градот и е совршен за загревање на телото. Комбинација од шкотско виски и шкотски ликер Drambuie кој е зачинет со мед и тревки. Коктел кој навистина ќе ве затопли и расположи во ладните зимски денови.

Доколку сте повеќе за вкус на јаворов сируп и бурбон тогаш изберете го Maple Old Fashioned коктелот. Овој коктел неодоливо потсетува на празнична атмосфера, со меки ноти на портокал и цреша.

Филип додава дека вкусовите се индивидуални, но вистинските авантуристи ги комбинираат. Експериментирање со вкусови е рушење на бариери, одење кон непознато, чекорење кон возбуда. За да ја почувствувате вистинската забава, да се играте со адреналинот и да го истражите непознатото, Филип својот џиновски дух ќе ви го покаже на 25ти ноември во Мала Станица. Бидете авантуристи, измешајте ги своите сетила и откријте кој е вашиот омилен зимски коктел.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg