Гранд кафе ја додели првата главна награда од пола милион денари

Полека но сигурно вредните награди си ги пронаоѓаат своите среќни добитници. Па така денес во просториите на Гранд кафе беше доделена првата главна награда од пола милион денари која отпатува во семејството Шулески. 

grand-kafe-ja-dodeli-prvata-glavna-nagrada-od-pola-milion-denari-02.jpg

„Возбудата е преголема, никогаш не сум ни помислила дека среќата можам да ја пронајдам во пакувањето на Гранд кафе Голд, кое вообичаено и редовно го имаме во нашиот дом. Ова е доказ дека среќата навистина лежи во малите секојдневи работи, само треба широко да ги отворите очите за таа да ви се насмевне. Би сакала да ги охрабрам сите љубители на ова кафе да се вклучат во наградната игра и да не ја губат вербата дека токму тие може да се следните среќни добитници“, изјави првата сопственичка на пола милион денари, г-ѓата Билјана Шулеска од село Мислешево, Струга.

grand-kafe-ja-dodeli-prvata-glavna-nagrada-od-pola-milion-denari-04.jpg

До сега се доделени вкупно 11 награди од 50.000 денари  и повеќе од 700 трговски награди, а преостануваат уште многу награди кои ги чекаат своите добитници.

„Подарувањето е најубавиот дел од нашата работа. Ова е можност кога и одблизу можеме да се запознаеме со нашите ценети потрошувачи да ги израдуваме со вредни награди и барем малку да внесме свежина и среќа во нивните домови. Оваа голема наградна игра  ќе трае до 31 јануари 2018 година, и Гранд кафе ќе израдува 3.033 корисници со вредни парични и трговски награди, а тројца најсреќни љубители на Гранд кафето ќе освојат дури пола милион денари. После Биљана Шулевска преостануваат уште две главни награди, па затоа ги повикуваме љубителите на нашето кафе убаво да ја погледнат внатрешноста на кесичката бидејќи можеби баш тие се среќните добитници“, велат од Гранд кафе.

grand-kafe-ja-dodeli-prvata-glavna-nagrada-od-pola-milion-denari-03.jpg

Добитните пакувања се однесуваат на Гранд Арома и Гранд Голд, а за повеќе информации во врска со наградната игра и извлекувањата можете да добиете на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/grandkafa.

Би можело да ве интересира:

Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Се слави Собор на Свети Архангел Гаврил – денот кога жените треба да се помолат за потомство Неговата икона секојдневно ви поминува низ рака. Дали сте забележале дека на бан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg