dm во Македонија прослави 5 години успешно работење, со натпросечен двоцифрен раст на прометот

dm-vo-makedonija-proslavi-5-godini-uspesno-rabotenje-so-natprosecen-dvocifren-rast-na-prometot-001.jpg

Одлични деловни резултати во деловната 2016/17 со раст на промет од над 23%!

  • Вкупно остварен промет во dm Македонија над 560 милиони МКД, што претставува пораст од над 23%.
  • Раст на прометот на “dm drogerie markt“ групацијата во Европа за 5,7% и остварување на вкупен промет од 10,25 милијарди евра
  • Успешна прослава на 5 години успешно работење на dm во Македонија
  • dm продажната мрежа во Македонија порасна на 13 објекти (+30%) и присуство во уште еден град во Македонија - Куманово
  • Идентичен квалитет на производите од сопствените dm марки во сите земји од dm концернот!
  • Уште поголема компетенција за убавина и органска храна
  • Високо ниво на друштвена одговорност преку различни активности

Скопје, 20.10.2017 - за успешното работење нa „dm drogerie markt“ во Македонија говори натпросечниот раст на прометот од над 23%, во деловната година 2016/17 (1.10.2016 ‒ 30.9.2017) во однос на минатата деловна година и изнесува над 560 милиони МКД (9,1 милиони евра). dm во Македонијa ја прошири својата продажна мрежа и во Куманово, со што со развој од 30% деловната 2016/17 ја завршува со вкупно 13 продажни објекти.

Во изминатата деловна година dm во Македонија инвестираше 55 милиони МКД, инвестиции кои покрај отворање на нови објекти опфаќаат и модернизација и целосна реконструкција на дел од веќе постоечките продажни објекти, како и проширување и модернизација на dm централата во Македонија. За наредната деловна година “dm drogerie markt” во Македонија ќе продолжи со динамично инвестирање  кое ќе се реализира со план на инвестициии од околу  57,5 милиони МКД.

На ниво на цела групација „dm drogerie markt“ во Европа оствари рекорден промет од 10,25 милијарди евра, со развој на прометот од 5,7%, во однос на минатата деловна година, со што докажа дека е водечки дрогериски ланец на европскиот пазар.

Во завршна фаза се подготовките за влез на dm drogerie markt na италијанскиот пазар, со што во почетокот на декември се очекува отворање на првите продажни објекти, а во текот на првите три години од работењето отворање на 100 продажни објекти на територија на Италија.

Со влезот на италијанскиот паразар,  групацијата „dm drogerie markt“ во Европа работи веќе во 13 европски земји, со мрежа од речиси 3.500 продажни објекти и повеќе од 59.000 вработени.

Идентичен квалитет на производите од  сопствените dm марки во сите земји од dm концернот!

Со понуда на повеќе од 13.000 производи во асортиманот “dm drogerie markt“ на македонскиот пазар важи за место за пазарување на високо квалитетни производи по поволни цени. Покрај тоа, dm нуди најголем избор на приватни трговски марки на пазарот во Македонија со повеќе од 3.500 производи и 24 приватни марки од сегментот на убавина, природна козметика, органска храна како и лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња.

„dm drogerie markt” со своите добро познати брендови како што се Balea, alverde, dmBio, babylove или Denkmit поставува единствен квалитет во сите 13 земји во концернот каде е компанијата присутна, идентична рецептура и квалитет на производите во целиот концерн.

 „Постојано настојуваме да ги следиме и да реагираме на потребите на нашите потрошувачи, како би им обезбедиле понуда на компетентен асортиман, како и квалитетна услуга и што попријатна атмосфера во продажните објекти, а во прилог на тоа говорат повеќе од 1.3 милиони извршени пазарувања во продажните објекти во dm Македонија во изминатата година“- истакна Весна Стојановиќ, директор на “dm drogerie markt“ во Србија и Македонија.

Во тековната 2017., dm под слоганот “5 години со вас. Да прославиме заедно!”, со гордост го прослави 5 годишното успешно работење во Македонија. Со низа роденденски активности и поволности dm им се заблагодари на своите потрошувачи за довербата, истакнувајќи дека токму тие со своите потреби се во фокус на нивното работењето и мотив за константно подобрување на услугата. 

Уште поголема компетенција за убавина и органска храна

dm е најголем понудувач на шминка од сопствена трговска марка во Македонија.

Кон крајот на летото, dm дополнително се етаблираше во понудата на декоративна козметика со воведување на сосема нова dm марка од областа на шминка - trend IT UP, додека понудата на шминки од постоечкиот бренд alverde - прирoдна сертификувана козметика, значајно ја прошири.

dm исто така го прошири асортиманот на органска храна во рамки на приватната трговска марка dmBio, и со повеќе од 300 различни производи претставува бренд со најширока понуда на органска храна во Македонија.

Усовршување на своите вработени преку интернационални обуки

Водени од тоа дека успехот на компанијата се основа на континуирани вложувања во своите вработени, преку синергија на концерските dm земји вработените од Македонија во изминатата деловна година беа дел од бројни различни обуки, семинари и курсеви спроведени на интернационално ниво.

Друштвена одговорност

Изминатата деловна година “dm drogerie markt“ го продолжи своето дејствување како компанија со висока друштвена одговорност, во чие име говорат извршените донации во Институции на кои тоа им е и повеќе од потребно во Скопје и Куманово.

Трајна торба за цел живот!

Со цел намалување на употребата на пластичните кеси во секојдневното пазарувања, dm како компанија им нуди на своите потрошувачи трајно еколошко решение – dm трајна памучна торба окарактеризирана како “Трајна торба за цел живот” поради фактот што еднаш купената торба, може бесплатно да се замени со нова, доколку истата се оштети или искине.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg