Дознајте што сè е потребно да станете пилот во Македонија

Доколку сакате да станете пилот, некои од основните информации се дека може да се пријавите пред да наполните 28 години, треба да ги поминете медицинските тестови и не мора да инвестирате ниту еден денар во таа обука.

doznajte-sto-se-e-potrebno-da-stanete-pilot-vo-makedonija-1.jpg

За да станете пилот мора да имате околу 180 часови летање и минимум 350 часови теоретска настава. Во Македонија професионалните пилоти се обучуваат во Центарот за обука на пилоти, а обуката што чини од 40.000 до 80.000 илјади евра во различни земји од Европа, во Македонија е бесплатна.

Големата заинтересираност за овие обуки ја потврдува и бројката на пријавени кандидати на отворените конкурси организирани од страна на Центарот за обука на пилоти што и оваа година ги отвора своите врати за потенцијалните кадети на 4 ноември, сабота од 11 часот кога се закажани и првичните тестирања.

doznajte-sto-se-e-potrebno-da-stanete-pilot-vo-makedonija-2.jpg

Според проценките на американскиот „Боинг“ на авио-компаниите во светот во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик.

Пилотската професија е комплексна работа, освен стручната обука пилотите мора да знаат и метеорологија, медицина, математика, физика и навигација, особено ако летаат во авио-сообраќајот. Обуката трае 18 месеци и опфаќа 350 часа теоретска настава и 180 часа летање.

doznajte-sto-se-e-potrebno-da-stanete-pilot-vo-makedonija-10.jpg

„Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика... Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“ - изјави Борче Манев, инструктор по летање во Центарот за обука на пилоти.

Она по што Центарот за обука на пилоти е специфичен е дека на едно место се спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хелихоптери која е функционална во текот на целата година. Од својата контролна кула овој центар покрива 11 делегирани зони за летање низ цела Македонија одобрени од „Агенција за цивилно воздухопловство“ што дава погодност за организирање на летовите согласно потребите на Центарот кој има два пати повеќе полетувања и слетувања дневно од Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

„Во една генерација можеме да обучиме до 10 кандидати и затоа ги повикуваме сите млади луѓе што се желни за професионален ангажман во една од топ 5 највозбудливите професии на планетата да се пријават во нашите службени простории на нашиот отворен ден на 4 ноември, сабота од 11 часот. “ - додава Манев.

Условите за сите заинтересирани момци и девојки се исти; мора да имаат завршено високо образование, да ги поминат тестовите за здравствена и физичка способност и да го положат тестот по англиски со минимум оценка 3.

За сите заинтересирани кандидати за отворениот ден на 4 ноември, обезбеден е бесплатен превоз во 10:00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: https://elbitsystems-mk.com/

doznajte-sto-se-e-potrebno-da-stanete-pilot-vo-makedonija-8.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg