Атлантик во првите девет месеци од 2017 година оствари раст на приходите и профитабилноста

Компанијата порасна на сите главни пазари и бизнис области.

atlantic-vo-prvite-devet-meseci-od-2017-godina-ostvari-rast-na-prihodite-i-profitabilnosta-00.jpg

Загреб, 31 октомври 2017 - Во првите девет месеци од  2017 година, Атлантик Група оствари вкупен приход од продажба од 531,1 милиони евра, што претставува зголемување за 4,4 отсто во споредба со истиот период од 2016 година. Добивката пред камати, даноци и амортизација изнесува 59,2 милиони евра, што претставува зголемување за 5,1 проценти, додека нето добивката по малцински интерес се зголеми за 2,8 проценти на 31,9 милиони евра. До крајот на годината, компанијата очекува дополнително проширување на дистрибутивните портфолија и да продолжи стабилниот раст на севкупниот бизнис.

Фокус на брендовите и квалитетно управување

Покрај одличните деловни резултати, првите девет месеци беа обележани со дезинвестирање на производствениот  сегмент на спортска исхрана и фокусирање кон развојот на брендираното работење. Во двете фабрики, во германскиот Блекеде, како и во Нова Градишка, кои беа преземени од страна на белгиската компанија Aminolabs, продолжува договорното производство на асортиманот на спортската исхрана на Атлантик.

Проблемите во кои се најде нашиот најголем клиент, Агрокор, целосно се надоместени со проширена соработка со други малопродажни партнери. Наплатата на долговите од компаниите од  системот на Агрокор во Србија, Словенија и Хрватска е редовна, со исклучок на т.н. граничен долг во Хрватска (кој е покриен од страна на т.н. операција Лекс Агрокор). Според изкажаната намера на вонредниот управник, остатокот од долготот ќе се подмири во целост, како што и се очекуваше од страна на Атлантик.

"Атлантик Група во првите девет месеци од оваа година продолжи да остварува извонредни бизнис резултати, првенствено преку подобрување на приходите и профитабилноста, со раст постигнат во речиси сите деловни сегменти и на сите поголеми пазари. Стратешкото партнерство со белгиската компанија Aminolabs ни овозможи и понатаму да се фокусираме на сопствените брендови и да продолжиме со преструктуирање на Стратешката бизнис област Спортска и активна исхрана и изврши голем број на активности за поголема профитабилност и фокусиран пристап кон западноевропските пазари. Растот на вкупниот бизнис, одличното управување со ликвидноста и континуираното намалување на долгот ни обезбеди одлична основа за уште побрз и посилен раст", коментира Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик Група.

Раст на бизис и дистрибутивните области

Вкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првата половина од годината беше во голема мера под влијание на стратешките бизнис области: Пијалоци со раст од 8,1%, Деликатесни намази со раст од 7,9%, Здравје и нега со раст од 6,8% и Слатко и Солено со раст од 5,7 отсто, како и од Стратешката дистрибутивна област Хрватска, која порасна за 7,2 отсто, а Стратешката дистрибутивна област Србија забележа раст од 3,7 отсто. Кафето, со 20,1 проценти од своето учество во вкупните приходи, се издвојува како најголема поединечна категорија со 106,5 милиони евра приходи од продажба. Сопствените стокови марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,6 проценти, дистрибуцијата на стокови марки на принципали со 20,8 проценти, ланецот Фармација со 7,3 проценти, а производите кои Атлантик Група ги  произведува како приватни стокови марки за големи деловни системи во земјата и во странство со 4,4 проценти.

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...
Македонски и регионални јавни личности кои биле жртви на булинг Ивона Јо, Александра Пријовиќ, Лука Модриќ денес се познати личности со многу фа...
Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа с... „Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Дани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg