Нови Екто Спорт и Екто Плус бензини со уште подобар квалитет, кои ќе ги подобрат перформансите на вашиот автомобил

Без разлика дали сте сопственик на ново возило или некој постар модел вашите очекувања се возилото да биде економично и да не ве изневери кога сте на пат или пак дел од градскиот метеж. Еден од главните фактори возилото секогаш да биде на задоволително ниво е квалитетот на бензинот. Со текот на времето неквaлитетните бензини ја нарушуваат работата на моторот, а последиците излегуваат на површина за многу кратко време, особено во зимски услови.

novi-ekto-sport-i-ekto-plus-benzini-so-usthte-podobar-kvalitet-koi-ke-gi-podobrat-performansite-na-vasiot-avtomobil-001.jpg

Руската нафтена компанија ЛУКОИЛ веќе 12 години е присутна на македонскиот пазар и од неодамна ја објави веста дека во Македонија пристигна нивните  нови брендирани бензини Екто, со уште подобар квалитет  и загарантирана безбедност и економичност при нивната употреба.

Новите иновативни бензини Екто Спорт и Екто плус ја подобруваат моќноста на моторот, а истовремено овозможуваат заштита на животната средина, содржат помалку бензол и сулфур, имаат подобрени еколошки својства што придонесува за помало исфрлање на канцерогени супстанции, соединенија на сулфур и други тврди честички резултат на нецелосно согорување на горивото

Во споредба со другите автомобилски бензини кои се продаваат во Република Македонија, содржат помалку бензол и сулфур, имаат подобрени еколошки својства.

Испитувањата покажуваат дека со редовно користење на новите бензини Екто, се добиваат следниве придобивки:

- моментален старт и зголемување на моќноста на моторот,како и намалување на потрошувачката на гориво

- ја намалуваат бучавата и вибрациите, го штитат моторот од формирање на јаглеродниталози, со што се зголемува векот на работа на моторот.

Исто така за зимскиот период  кога на вашиот автомобил му е потребно посебно внимание, Лукоил нуди зимскиот Екто Дизел кој овозможува непречена работа на моторот на температура  и до -20 степени.

Само на бензинските станици на Лукоил Македонија, клиентите имаа можност да ги пробат   новите иновативни бензини Екто Спорт и Екто плус создадени според најновите технологии и да се уверат во подобрените експлотациони карактеристики.

Денес Групацијата „ЛУКОИЛ„ во Република Македонија е претставена со друштвото-ќерка „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ Скопје, кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании. Во моментов компанијата работи со мрежа од 27 бензински станици и еден нафтен склад.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg