Повик за партиципирање во бесплатна програма за пилоти за млади ентузијасти

Министерството за Одбрана го објави новиот конкурс за обука на пилоти, што по 18 месеци тренинзи, 180 часови летање и 350 часови теоретска настава ќе се здобијат со титулата - пилот.

povik-za-participiranje-vo-besplatna-programa-za-piloti-za-mladi-entuzijasti-1.jpg

Големата заинтересираност за овие обуки ја потврдува и бројката на пријавени кандидати за отворениот ден организиран од страна на Центарот за обука на пилоти кој и оваа година ги отвора своите врати за потенцијалните кадети на 4 ноември, сабота од 11 часот кога заинтересираните ќе можат подетално да се информираат и да се запознаат со содржината на обуката.

Кандидатите што успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за пилоти.

povik-za-participiranje-vo-besplatna-programa-za-piloti-za-mladi-entuzijasti-2.jpg

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија не постари од 28 години, физички и психички здрави, со завршено високо образование со вкупно 180 ЕКТС кредити. Центарот за обука на пилоти ќе ги одбере најдобрите кандидати во кои 18 месеци ќе вложува интензивно за нивно стручно оспособување и усовршување за пилоти по родот авијација.

Селекцијата на кандидати се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на англискиот јазик за да ги следат обуките за усовршување и оспособување за идни пилоти.

povik-za-participiranje-vo-besplatna-programa-za-piloti-za-mladi-entuzijasti-5.jpg

Центарот за обука на пилоти спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хеликоптери која е функционална во текот на целата година со која се лета преку 11 делегирани зони, а навигациски летови се одвиваат на територијата на цела Македонија.  Покрај тоа, центарот е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.

povik-za-participiranje-vo-besplatna-programa-za-piloti-za-mladi-entuzijasti-3.jpg

За сите заинтересирани кандидати за отворениот ден на 4 ноември, обезбеден е и бесплатен превоз во 10.00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

povik-za-participiranje-vo-besplatna-programa-za-piloti-za-mladi-entuzijasti-4.jpg

Пријавување за отворен ден на овој линк.

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е со...
Првата македонска пилотка во Wizz Air елегантна на гала забава во Будимпешта - Униформата ја замени ... Во асиметричен фустан со гол грб, во комбинација со црни салонки, Ива изгледаше ...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на мај нестабилно време, можни се и поплави“ „До самиот крај на месец мај ќе се задржи значително топлото време, но и понатам...
Нов мурал во Скопје посветен на Александар Џамбазов: Игор упати емотивна порака, Дац и Александар ќе... „Од денес па сѐ до вечноста, овој мурал во Дебар Маало секојдневно ќе нѐ потсету...
И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретк... Традиционално, и годинава нуркачките од центарот Амфора накитија елка во водите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg