Telekom Electronic Beats - премиерно во Македонија
- Детали
- петок, 27 октомври 2017
- Ame, DJ Koze, Tijana T и Herzel во МКЦ во Скопје на 27 октомври
- Со секој билет- неограничен интернет со Cool во Magenta1 и Smart постпејд за период од 24 месеци
Македонски Телеком ја носи за првпат во Македонија Telekom Electronic Beats, познатата европска програма за музика и животен стил. Оваа програма, добро позната на љубителите на современата клупска музика, ќе стартува во Скопје, МКЦ на 27 октомври со DJ сетовите на Ame, DJ Koze, Tijana T и домашна поддршка од Herzel.
Уште од 2000 година, Дојче Телеком ги постави стандардите за промоција на меѓународна музика и содржини од модерниот начин на живот со Electronic Beats. Првично формирана за музички маркетинг, програмата сега ја опфаќа силната врска помеѓу музиката и другите животни области како што се дизајн, технологија, мода и уметност. Telekom Electronic Beats има иновативно медиумско портфолио, продуцира сопствени фестивалски серии и настани во живо низ цела Европа, а истовремено нуди иновативни производи и услуги на Телеком.
Програмата ги прошири своите локални изданија од Германија во Полска, Унгарија и Албанија, а од сега и во Македонија. Локалното медиумско портфолио започнува со страницата electronicbeats.mk којашто е поврзана со Facebook и Instagram.
„Со Telekom Electronic Beats сакаме да ги надминеме европските граници – но и границите и бариерите во човековиот ум. Сакаме да им помогнеме на луѓето вистински да се поврзат преку музиката“, истакна Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
По повод премиерата на Telekom Electronic Beats, Македонски Телеком подготви ексклузивна понуда за своите корисници. Со секој билет за Telekom Electronic Beats, корисниците добиваат неограничен интернет со Cool тарифата вклучена во Magenta1 и со Smart постпејд за период од 24 месеци. Промоцијата може да се искористи со билетот во која било Телеком продавница.
Со стартувањето на Telekom Electronic Beats, македонската публика може да очекува влијателно новинарство посветено на музиката и урбаниот животен стил, како и настани поврзани со овие области. Берлин, Варшава, Будимпешта и Тирана се само дел од градовите во кои се споделуваат незаборавни музички и животни искуства. Скопје ќе биде следно.
Премиерниот настан на Telekom Electronic Beats ќе започне во 23:00 часот во МКЦ, а претходно, со почеток од 19:00 часот, во џебното кино на МКЦ ќе има проекција на документарните филмови Raving Iran и Richie Hawtin (Slices documentary).
Информации за DJ-ите
Âme се диџеј/продуцентско дуо составено од долгогодишните пријатели Kristian Beyer и Frank Wiedemann. Уште од 2003 година го формираат своето партнерство во родниот град Карлсруе и почнуваат да создаваат свој уникатен звук кој смело ги комбинира елементите што го полнат подиумот во клубовите со нивните лични концепти за музиката што допрва треба да се чуе. Дел се од лејбл/колективот Innervisions кој го водат заедно со Dixon. Оваа издавачка куќа е позната по контролата на квалитетот, со издавање на само 5-6 изданија годишно, но со врвен квалитет како што се Laurent Garnier, Chateau Flight, Stefan Goldmann and Culoe. Âme го започнуваат своето музичко патешествие носени од љубовта за Чикаго Хаус и Детроит Техно. Познати и респектирани се во диџеј светот по својата способност да ги искомбинираат своите различни влијанија презентирајќи ја целата историја на денс музиката, не водејќи се од моментални трендови. Тие што со нетрпение го чекаат настапот на Âme може да очекуваат патување низ историјата на денс музиката искомбинирано со одлични диџејски вештини.
DJ Koze е германски артист прогласен за најдобар диџеј во 1999 и 2004 од реномираниот трендсетерски магазин SPEX. Оваа заслужена награда ја добива како признание за своите успешни настапи во Германија и низ светот. Stefan Kozalla попознат како DJ Koze започнува со својата работа во Hamburg како hiphop диџеј, а признание за своите вештини добива и на DMC шампионатот за диџеи. Koze не се плаши да ескпериментира внесувајќи хумор во своите сетови, луди семплови како зезања по телефон и експериментирање со жанровите од електронската музика. Во неговите сетови изобилува хаус и диско музиката, добро искомбинирана со неговото hiphop влијание во жесток микс.
Тијана Т е истакната диџејка во клубскиот живот на Белград. Позната е по своите енергични и харизматични настапи, исполнети со хаус вокали. Оваа дама е врвен музички новинар, и еден од ретките српски таленти со меѓународна репутација што ја покажуваат нејзините настапи на големи фестивали и клубски журки од Њу Јорк до Ибица.
Домашна поддршка за настанот пристигнува од одличниот македонски диџеј и продуцент – Herzel, кој ќе настапи со live сет.