“Нахрани 1000” обезбеди повеќе од 16.000 оброци за граѓаните од социјално ранливи категории

Акцијата “Нахрани 1000”, која минатата недела ги обедини солидарноста, хуманоста и желбата да се помогне на граѓаните од социјално ранливите категории, резултираше со најмасовна акција за донирање на храна досега одржана во нашата држава. За еден ден беа собрани 5 тони храна. Во “Нахрани 1000” се вклучија повеќе од 1000 граѓани и 16 компании чии донации обезбедија повеќе од 16 илјади оброци за граѓаните кои секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-1.jpg

Скопје, 24.10.2017 – По повод одбележување на светскиот ден на сиромаштијата, 17 октомври, со цел подигање на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна, граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст” заедно со “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојуз на извидници на РМ и организацијата “АДРА” во Скопје организираа акција за донација на храна со поставување на 5 штандови за донирање на конзервирана и нерасиплива храна.

Акцијата симболично наречена “Нахрани 1000” наиде на огромен одзив од страна на граѓаните, бизнис заедницата и вработените од 16 компании во Скопје. Имено, за само еден ден на 5-те поставени штанда во главниот гради и од 16те компании кои се приклучија на акцијата за донирање на Мрдни со Прст, беше собрана храна со вкупна тежина од 5 тона, што според пресметките значи над  16.000 обезбедени оброци само преку оваа акција.

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-2.jpg

Според организаторите, одзивот и интересот на граѓаните и компаниите за акцијата ги надмина очекувањата, имајќи го предвид фактот што оваа акција беше организирана за прв пат во Македонија. Со ова, се потврдува и потребата за почесто организирање на настани од ваков вид, но и можно претворање на оваа акција  во традиционален годишен настан, бидејќи како што велат тие, граѓаните од ранливите категории секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-3.jpg

Кон акцијата, покрај граѓаните, се придружија и веќе препознаените општествено одговорни компании и вработените на Бимилк, Пивара Скопје, Vip, Авицена Лабораторија, Тинекс, Меккен Скопје, Динерс Клуб Македонија, НЛБ Банка, Шпаркасе Банка, Октa, Осигурување Македонија, ИОМ, Олимпија Моторс, Консалтинг Интер Скопје, Виталија и Студио Модерна.

Организаторите ја упатија нивната огромна благодарност до сите поединци и компании кои мрднаа со прст и кои овозможија нивните сограѓани кои се соочуваат со проблемот со недостаток на храна да имаат топол оброк.

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-4.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-5.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-6.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-7.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-8.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-9.JPG

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-10.JPG

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-11.JPG

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-12.JPG

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-13.jpg

nahrani-1000-obezbedi-povekje-od-16-000-obroci-za-gragjanite-od-ranlivi-kategorii-14.JPG

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg