Како да ја истакнете женственоста во зима?
- Детали
- вторник, 24 октомври 2017
Со намалувањето на температурите, на дамите им станува потешко да ја истакнат женствената фигура под неколкуте слоеви облека.
Што можете да направите за да изгледате беспрекорно во периодот кој следува? Носете впечатлив капут! Тој ќе ви даде можност да бидете различни и дотерани, без разлика што носите под него. Дури и во најладните денови кога треба да бидете закопчани до вратот, добриот капут ќе ви помогне да блескате.
Кога зборуваме за добар капут, најверојатно првата асоцијација ви е поврзана со Bella – нашиот бренд за првокласна модна облека кој низ годините креира уникатни капути инспирирани од деловната и модерна жена. Од она што веќе може да се види во нивните продажни салони, со сигурност може да се каже дека и оваа сезона ќе бидат прв избор за дамите со изострен вкус.
Без разлика дали сте љубители на класичниот црн капут или преферирате нешто повпечатливо, едно е сигурно – нема да бидете обични. Капутите на Bella се изработени според уникатен дизајн што ги следи последните модни трендови, од висококвалитетни природни материјали кои покрај топлината, ви овозможуваат да се чувствувате пријатно и посебно.
Во најновата колекција се користени неколку типови волна, плетенина, чист волнен штоф, како и едни од најсофистицираните и најексклузивните материјали во модната индустрија – кашмир и фланел, кои се исклучително меки на допир.
Капутите се веќе достапни во сите продажни салони на Bella. Изберете го оној кој го истакнува вашиот карактер и заблескајте со самодоверба!
- Продажни салони:
ГТЦ - прв кат
Skopje City Mall - прв кат
Буњаковец - прв кат