Make music. Not war.
- Детали
- вторник, 24 октомври 2017
NaturKultur e.V. е невладина организација со потекло од Германија која почнувајќи од 2011-та година работи на младински проекти и активности кои адресираат одредени проблеми во општеството како: мир, човекови права, животна средина, социјална активност, култура, младински активизам, зголемување на капацитетот на невладини организации и многу друго.
Повеќе информации за невладината организација можете да најдете на www.naturkultur.eu или во ова YouTube видео.
“Make music. Not war” беше мултикултурна младинска размена во која присуствуваа 44 млади луѓе со музичко, новинарско и филмско искуство.
Учесниците беа помеѓу 18 и 30 години и дојдоа од осум различни конфликтни земји: Палестина и Израел, Косово, Србија, Босна, Хрватска, Грција и Германија. Проектот траеше во рок од 10 дена од 14ти до 24ти април 2017 година и се имплементираше во Бремен, Германија.
Проектот “Make music. Not war” бил креиран како алатка за помирување и градење на мир помеѓу младите кои потекнуваат од конфликтите земји во светот. Целта на проектот беше да се даде можност на младите од конфликтните земји да се запознаат помеѓу себе, да ја запознаат и споделат својата музика, култура, обичаи, традиција, храна. Целта беше учесниците да станат пријатели и после размената да се создадат уште многу активности кои ќе инволвираат голем број на млади луѓе кои наместо во војна ќе се вклучат во процесот на помирување и градење на мирот.
Учесниците живеат заедно, учат различна музика и песни, готват, ги претставуваат своите земји, ги делат собите, се дел од исти музички бенд, настапуваат заедно и заедно ја споделуваат својата приказна. Има работилници за конфликтите, културните и религиските разлики, каде што учесниците ги прифаќаат своите разлики, различната религија, бојата на кожата, различната култура и учеа како позитивно да ги прифаќаат тие разлики, наместо да ги дискриминираат.
Имајќи предвид дека има учесници од различни националности и религии (евреи, муслимани, католици, православни, протестанти), проектот активно го промовира мирот, социјалното вклучување и еднаквите можности за сите.
Досегашни активности:
Мировни песни
Учесниците крирале 3 мировни песни за време на проектот. “Unity” била првата снимена песна за која направиле музичко видео.
Другите две ќе бидат снимени во наредните 6 месеци до почетокот на “Make music. Not war 2” што треба да се одржи во Македонија во мај или јуни 2018 година.
Овие 3 песни треба да бидат дел од мировниот албум кој учесниците ќе го направат и објават во 2018 година.
Музички видеа
Учесниците испратија универзална порака за мир и љубов со тоа што ја отпејаа познатата “One love” од Bob Marley. Сите учесници свиреле на своите инструменти во музичко студио во своите земји и снимиле видеа од нив како играат пред национални и културни знаменитости во нивниот град.
Тие ги испратиле материјалите и така била составена верзијата на песната која доби стотици илјади прегледи на Фејсбук за само неколку дена.
Новинари и дневни видеа
Има и неколку млади новинари кои ги информираат локалните медиуми во своите земји за активностите.
Покрај тоа, има и дневни видеа од тоа што се случувало за време на проектот:
Документарен филм
Снимен е и документарен филм за младинската размена помеѓу младите луѓе од конфликните држави.
Филмот е во траење од 20 минути кој раскажува приказна за тоа што се случува за време на проект како овој и како младите луѓе го доживуваат тоа.
Промоцијата на филмот ќе биде на 25-ти октомври 2017 година на Youtube каналот на NaturKultur.
Следни активности
Make music. Not war. 2 е веќе во подготовка.
„Аплициравме на Erasmus+ програмата за финансирање на проектот, ја организиравме и продукцијата на мировниот албум и сме во подготовка на мировниот концерт со регионални и европски музички бендови,“ велат организаторите.
Повеќе информации за проектот ќе бидат објавени во декември 2017 година.
Со имплементирање на овој проект се испраќа моќна порака дека младите луѓе сакаат мир.
Не сакаме војна, ние сакаме да креираме музика и да уживаме во животот.
Овој проект е финансиран и подржан од Erasmus+ програмата преку германската Национална агенција.