Секој коктел раскажува приказна

Во Рим, центарот на италијанската кинематографија, оваа година симболично се отвори и започна новата кампања “Campari Red Diaries” (Црвените дневници на Кампари) - (Р)еволуција на Кампари календарот.  Магијата на правењето на секој од 12-те коктели ни ја оживуваат 14 бармени кои нè носат на патување околу светот како и низ имагинацијата и приказните зад секој од коктелите, во непрекинат круг околу едно нешто: човековиот живот.

sekoj-koktel-raskazuva-prikazna-001.jpg

Од Кампари нѐ уверуваат дека шејкерот на барменот не содржи само пијалоци, туку елементи кои еволуираат: места, спомени, чувства, искуства, знаења. Голтка по голтка, бармените ја пренесуваат инспирацијата како уметници и визионери.  

Коктелот Кула Негрони (Kula Negroni) го оживува Џули Рајнер од САД која вели:

„Кога ги отворив очите, бев во кревет, дома. За момент помислив дека било сон, но тогаш видов дека држам миризлива црвена јагода во мојата рака. Истрчав до прозорецот, но морето пред мене беше мирно како никогаш досега, до каде што можев да видам.

Во тој момент сфатив дека таа вечер, на линијата помеѓу сонот и јавето, беше збогување на мојот остров и моето детство со мене. За мене, таа јагода во мојата рака, беше скапоцен подарок.

Никогаш не ја заборавив таа вечер и години подоцна, кога почнав со оваа работа, таа јагода беше инспирацијата зад моето ремек-дело, Кула Негрони“

Посетете го YouTube каналот на Кампари и уживајте во приказните одговорно.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg