Јелена Јованова: Колку е прекрасен овој мој одбран занает!

jelena-jovanova-kolku-e-prekrasen-ovoj-moj-odbra-zanaet-01.jpg

Здраво Јелена, како сте, како ви поминува овој период од годината?

Сосема добро и благодарно за сè што ми се случува. Во мојот постојан ритам или пореметен биоритам. Будење, музика, туш, кафе, доручек „во од“, торба поголема од мене со сè што може да ми затреба, полнач и наполнет телефон, сценарија, авионски карти, автобуски карти, станици... луѓе... разговори со познати и непознати кои секогаш имаат нешто интересно да раскажат, време задолжително за мене и мојот човек, ручек, скајп разговори...Снимање на нови кастинзи, учење шпански, навечер чаша-две вино, мало дружење со нешто што во моментов читам, во случајов со сатиричарот Ephraim Kishon, скоро пред сон со прашањето „што ново ќе научам утре“... и утро е пак!

Ќе ни откриете ли што ве привлече кон глумата, дали влијае да се менувате и на кој начин?

Сакав да бидам сликар. Кога подлабоко ќе размислам ќе речам - па тоа и станав! Од различен материјал ни се сликарските платна, но и едните и другите го сликаме животот во кој ги боиме емоциите водени од различни ситуации во потрага по одредени одговори.

Како мала ми велеа дека поставувам многу прашања и барам многу одговори. Веројатно потребата да знам како некој се чувствува во одредена ситуација, зошто реагира така како што регира, како размислува и што го интересира, како и можноста добро да ислушам и сочувствувам без притоа да судам е една од најбитните причини зошто станав ова што сум. Професија во кој сеуште се развивам и учам. А она што секако е битно е радоста и забавата додека тоа го живеам. 

Работите на многу проекти, во многу жанрови, во различни подели и кастови, ансамбли, земји и продукции. По што сте вие својствена? Што сметате дека режисерите и продуцентите препознаваат во вас, која е вашата уникатна вредност, вашата есенција?

Она до што јас секогаш се трудам да допрам е вистината и точноста во секоја трансформација и игра. Природна и автентична. До она што ќе допре и ќе запраша. Би сакала да верувам дека често успевам во тоа... и одговорот на ова би требало да го даде некој друг.

Колку е важно за оние кои се занимаваат со глума да работат на себе и на својата спиритуалност?

А зошто да не го адресираме прашањето до секое живо битие. Благословени сме со свесност, разум и слободна воља како би биле способни да се прилагодиме на сè што животот нѝ носи. Како и секој мускул кој не е флексибилен и не се развива така и овие благослови може за брзо да атрофираат и да не носат личен прогрес. Верувам дека квалитетот на животот доаѓа со себе-освестување и свесност за она што нè опкружува. Со развојот на нашите несвесни верувања и вредности. Со признание дека нашиот  поглед кон светот понекогаш е можеби погрешен и треба да го преиспитаме. Со развој на нови, инакви и позитивни навики. Човечката психа е најподводлива, но и пластична. Да бидеме Сократ на самите себе си не е лесна, но е многу неопходна задача.

jelena-jovanova-kolku-e-prekrasen-ovoj-moj-odbra-zanaet-02.jpg

Што е персонификација на сјајот, а што на темнината во животот на глумецот?

Шамар. Најчесто. Кофа ладна вода. Освестување на несвесното за кое рака си сечел предходно дека не е дел од тебе. Таквите ми се најслатки и најдобредојдени. Зошто ме вадат од комфорот. Некои ќе ги прифатам и решам, но има и такви кои сеуште чучнато се кријат под тепих. Веројатно сеуште не се силно потресени... Но, таквиот миг е неизбежен зашто знам дека некоја туѓа приказна кога-тогаш ќе ме врати на она од кое понекогаш бегам. И дури го одговарам прашањево - повторно си потврдувам колку е прекрасен овој мој одбран занает!

Во Скопје бевте само за миг пред да отпатувате за Шпанија. Снимавте промотивен материјал за Македонски Телеком и нивната нова SafeNet интегрирана услуга која го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Какво беше искуството?

Работата со професионални тимови и посветени, детерминирани поединци што си ја знаат својата работа е секогаш само и единствено - задоволство. Вам ви останува да го дадете максимумот и да уживате во процесот на работа, бидејќи за останатото некој веќе се погрижил. А во однос на самата содржина, односно интернет безбедноста, тоа е секако една од моите најголеми паранои, грижи и потенцијални закани. И не само моја. Верувам дека секој од нас што е секојдневно на интернет преку својот паметен телефон стравува за својата приватност. Сепак, високата свест за заштита е единствениот спас од малициозни активности насочени кон нас. И секако, користење на услугата на Telekom SafeNet на Македонски Телеком, што нуди сигурност и заштита од можни злоупотреби од сајбер криминалците, кои нè демнат буквално од секое ќоше. Оваа услуга автоматски ги проверува веб-страниците што ги посетуваме додека сме поврзани на мобилен интернет и ги блокира потенцијалните закани. Затоа, отсега сум поопуштена и послободна додека го користам мобилниот телефон.

Сте се нашле ли вие некогаш во ситуација ваши приватни фотографии, документи или важни преписки да бидат компромитирани? Како се заштитувате од малициозни активности на интернет?

Во основа, интернетот не е место што ме плаши или вознемирува, но малициозните поединци и групи кои се во потрага по нашите тајни, нашата приватност, нашите идеи, лични податоци, фотографии, банкарски сметки, лозинки... не се за потценување. Тоа се работи што имаат неверојатна вредност за секој од нас. За жал, светот тешко се справува со конвенционалните закани, а уште потешко со овој вид на криминал. Затоа, колку и да сме ранливи како поединци во приватната и во деловната комуникација, треба да работиме на доктрини кои ќе ни помогнат во унапредување на заштитата и превенцијата од овие малициозни активности во насока на зачувување на правото на личната сопственост, придобивките и основните принципи на слободата. Само така, нашата приватност ќе остане само наша.

jelena-jovanova-kolku-e-prekrasen-ovoj-moj-odbra-zanaet-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“ „Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишува...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg