Кампари ја лансира кампањата “The Red Diaries”

Компанијата зад легендарниот италијански црвен аперитив со горко-сладок вкус, Кампари, ја лансираше својата кампања “The Red Diaries” (Црвените дневници) во која се оживуваат на филмското платно приказните за 12 коктели раскажани од бармени ширум светот.

campari-ja-lansira-kampanjata-the-red-diaries-001.jpg

Кампари оваа година во својата кампања му пристапува на брендот иновативно но без отстапки од минатите обележја како Кампари календарот.

Па така, кампањата која ја прикажува инспирацијата и интригантните приказни позади коктелите се заокружува со 12 коктели како дел од Кампари календарот, зад кој стои познатиот аргентински фотограф Але Бурсет. Интересно е што овој календар нема да биде за продажба и 9.999-те испечатени копии ќе бидат поделени на пријателите на Кампари низ целиот свет.

Во листата на славни кои се вклучуваат во оваа кампања е и добитникот на Златен глобус, Клајв Овен, кој е во центарот на насловниот краток филм “Убиец во црвено“. Тој го глуми озлогласениот бармен од 1980-те Флојд. За ова, Клајв Овен ќе изјави: „Црвените дневници на Кампари е проект кој лесно го прифатив – ми се допаѓаше што е краток филм со соодветна приказна наместо реклама, но и фактот дека е режиран од Паоло Сорентино е примамлив фактор сам по себе. Мислам дека Сорентино е еден од најдобрите режисери во моментов-имагинативен визионер“.

https://www.youtube.com/watch?v=8_nRZjJfD7Y

Извршниот директор Боб Кунце-Концевич е горд на постигнатите резултати кои се заслуга на бројните професионалци кои својот посебен белег го оставија на кампањата но и на историјата на Кампари, ќе изјави тој.

„Секој коктел раскажува приказна“ ќе речат од Кампари, а вие набавете доволно кампари за овој период и создадете ваша приказна.

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Калиопи и мајка ѝ уживаат на Водно: „Животот е многу повреден со тебе“ (видео) „Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“, напиша Кал...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg