Сите патишта викендов водеа кон Skopje City Mall

site-patishta-vodea-kon-skopje-city-mall-01.jpg

Полни ходници со посетители и голема гужва низ продавниците можеше да се види викендов во Skopje City Mall, кој го прослави својот петти роденден со многу настани и активности, музички концерти, натпревари и тридневен шопинг фестивал со големи попусти. Во саботата во Skopje City Mall влегле над 47.000 посетители, а за време на целиот настан во трговскиот центар имало рекордни 110.000 посетители.

Она коешто со посебен интерес ја привлече јавноста беше ретро забавата Хит за 5 од 90-те години. Во саботната вечер пред платото на Skopje City Mall одекнуваа најголемите ретро хитови на Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други. На крајот на вечерта настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela.

Љубителите на шопингот ги искористија големите попусти и купуваа во продавниците на своите омилени брендови во Skopje City Mall. Роденденскиот Late night shopping започна во саботата од 18:00 часот и траеше до полноќ. Беше спроведена и “Модна потрага” каде актерите Тино и Атанас ловеа посетители кои го прифатија стилскиот предизвик, а беа оценувани од стручното жири составено од Александар Билјановски Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Андреј Папаз, Елена Стефановска и Марија Илиќ. Неделното попладне беше резервирано за најмалите посетители кои уживаа во настапот на омилениот Петко и бендот 5+.

Ви доловуваме дел од атмосферата викендов од нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall.

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Музички времеплов со Дац и Александар: Се потсетија на „Бушава азбука“ и хитовите на Митевски од пре... „Музички времеплов низ спомените. Убави времиња“, велат Дац и Александар, кои сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg