Nomad – нова специјализирана продавница за врвни светски брендови на велосипеди

09.10.2017 г., Скопје. Минатиот четврток со неформален настан за пријатели и бизнис соработници беше отворена Nomad, нова специјализирана продавница за велосипеди од најпосакуваните светски брендови, најсовремена велосипедска опрема и врвен професионален сервис, лоцирана на ул. ,,Св. Кирил и Методиј“, спроти старата Железничка станица во заградата на Аутомакедонија.

nomad-nova-specijalizirana-prodavnica-za-vrvni-svetski-brendovi-za-velosipedi-1.jpg

Nomad е прва продавница од овој вид во регионот, hi-tech продажен центар каде што можат да се најдат велосипеди, велосипедска опрема и тротинети од врвни светски брендови како што се Ghost, Haibike, Winora, Micro, Thule, Kreidler, Alpina, Axa, SKS и многу други. Покрај велосипеди, во Номад може да се пронајдат скии и скијачка опрема, сноуборди и сноуборд опрема и што уште не...

Новитет на нашиот пазар се е-велосипедите, иновативни, практични и многу поважно од сè, еколошки превозни средства кои за првпат во Македонија се достапни во Nomad.

Nomad е надополнување на Scout Оutdoor Shop, продавница за спортска и рекреативна опрема за ентузијасти кои сакаат да истражуваат во природа, со богат избор на опрема за планинарење, алпинизам, кампување, опрема за спортови на вода и слично. За прв пат во земјава и регионот Nomad поставува стандарди во велосипедизмот, со визија за иднина со повисока свест за практикување вакви активности и унапредување и развој на инфраструктурата.

По принципот „сè на едно место“, Nomad не вклучува само производи од реномираните брендови, туку и професионален сервис, со искусен и посветен тим, подготвен да одговори на сите барања. Тимот на Nomad e високо квалификуван, со врвни познавања од областа на велосипедите, опремата, како и сите останати производи што можат да се најдат во Nomad. Нивното знаење и искуство се секогаш достапни за купувачите кои со сигурност ќе го пронајдат совршениот велосипед.

nomad-nova-specijalizirana-prodavnica-za-vrvni-svetski-brendovi-za-velosipedi-2.jpg

Во пријатен амбиент присутните се запознаа со исклучителните модели на брендовите кои може да се најдат ексклузивно во Nomad, како и со разновидната опрема за велосипеди и аутдор активности. Тимот на Nomad верува во квалитетот на производите што ги нуди. Затоа, за првпат во Македонија и регионот Nomad пред продавницата постави патека за пробно возење на велосипеди и тротинети, на која заинтересираните можат веднаш да се уверат во квалитетот и перформансите на производот што сакаат да го купат.

Nomad може да ги најдете и на Фејсбук на нивната официјална фан страница Nomad Mobility, каде ќе ги најдете сите информации кои ви се потребни.

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат ист... „Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Мног...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg