Ги носиме западноевропските трендови на дигитален маркетинг на регионалниот пазар – DAMconf 2017

Без разлика дали сте професионалец во областа на дигиталниот маркетинг и огласување или сте едноставно само ентузијаст за оваа тема, имаме одлична вест за вас.

gi-nosime-zapadnoevropskite-trendovi-na-digitalen-marketing-na-regionalniot-pazar-damconf-2017-001.png

Овој ноември, Загреб по четврти пат ќе биде домаќин на DAMconf конференцијата каде ќе гостуваат светски познати професионалци од областа на дигиталниот маркетинг. DAMconf претставува една од од најпосетуваните конференции во регионот на тема дигитален маркетинг и адвертајзинг и е одлична прилика за запознавање со најновите дигитални трендови како и со највлијателните професионалци од маркетинг индустријата, брендови и претставништва на технолошки компании кои едноставно не смеат да се пропуштат.

DAMConf е сеопфатна конференција за дигитален маркетинг и огласување во регионот на југоисточна Европа. Секоја година организаторите носат говорници од западноевропските пазари кои на регионалните професионалци во живо им ги претставуваат реалните можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг.

Картите за DAMConf моментално се продаваат по Early Bird цена, а по оваа поволна цена ќе можат да се купат до крајот на септември (купи карта). Главна тема на овогодинешната конференција е “Како иновациите во технологијата го движат дигиталниот маркетинг”.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат последните маркетиншки трендови, вклучувајќи вештачка интелигенција, дигитално плаќање и други иновации кои се однесуваат на предизвиците на денешната маркетинг идустрија.

Говорниците на DAMconf се професионалци во областа на дигитаниот маркетинг кои доаѓаат како од западноевропските земји така и од регионот. Така посетителите ќе имаат можност да слушнат и видат претставници од највлијателните светски агенции како што се Manning Gottlieb OMD, Shazam, Coca-Cola и други брендови со успешна дигитална стратегија.

Главен медиумски партнер на овогодинешниот DAMconf е Nova TV, пионер во дигиталните содржини во регионот. Покрај медиумската поддршка, за програмата на конференцијата ќе допринесат и интересните теми и трендовите поврзани со дигиталните канали. Организатор на конференцијата е ClickAttack, најголемата мобилна огласувачка мрежа во регионот.

DAMconf ќе се одржи на 16 ноември во просториите на City Plaza Zagreb (поранешен Hypo centar). Картите се во продажба и можат да се купат на веб страната на DAMconf каде што може да се дознаат и повеќе детали во врска со конференцијата.

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и можна појава на снег“ „Од средината на месецов, кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително ...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Генијалецот Македон (9) напиша книга од областа на астрономијата: „Сакам да имаме повеќе научници во... Освојува медали по математика, игра шах, а нашол време и да напише цел научен тр...
Битолчаните Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг 2024 Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола ќе бидат македонски претставници на ...
Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Инт...
Тематска забава со диносауруси за Киан - Антониа и Роберт го прославија првиот роденден на синот Еден ден по првиот роденден на Киан, Антониа и Роберт направија голема забава за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg