Мрежата на Македонски Телеком е најбрза и најсигурна

(Скопје 5.10.2017) Македонски Телеком  ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500 Mbps за симнување (download). Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-2-01.jpg

Во јуни, годинава, со воведување на нова технологија, се постигна двојно поголема брзина во споредба со 4G. Овие брзини, како што беше најавено, веќе се достапни за корисниците на Скопје, центар, а до крајот на годината ќе бидат достапни и во другите поголеми градови.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-01.jpg

„Со новата технологија, ќе можете да симнете филм од 2 гига бајти за 20 секунди, додека го спремите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата, брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина, не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-05.jpg

Освен мобилната, Македонски Телеком ја надградува и фиксната мрежа. Иако брзината од 1гигабит во секунда веќе е достапна за корисниците со оптика, надградба се прави на постојната бакарна линија со понапредна технологија, со што до крајот на годината над 100 000 корисници кои се на бакар ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини. Оваа технологија ќе им овозможи побрз интернет и подобра ТВ услуга.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-08.jpg

Освен надградбата на мрежите, кои сега достигнуваат големи брзини, Македонски Телеком воведува и услуга – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-11.jpg

Услугата функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем и ќе може да се активира  преку веб страна која ќе се појави во интернет прелистувачот кога корисникот ќе биде поврзан на мобилната мрежа. Со оваа услуга, која се воведува за прв пат на пазарот, корисниците ќе бидат заштитени од небезбеден интернет сообраќај и освен најбрзата, ќе ја користат и најбезбедната мрежа.

mrezata-na-makedonski-telekom-e-najbrza-i-najsigurna-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg