Почнува 9-та сезона Еден на Еден
- Детали
- петок, 29 септември 2017
Повеќе од 200 епизоди и околу 250 гостувања ја испишуваат историјата на најгледаното ток-шоу во земјата „Еден на Еден“, кое од недела ја стартува својата деветта сезона.
Жаре и тимот се враќаат на „Телма“ во нов термин – секоја недела во 20:30 часот.
Првата епизода од сезона 9 на „Еден на Еден“ започнува со времеплов на дел од најинтересните моменти кои се случиле во сите досегашни години од шоуто.
Од А2 и А1, преку МКЦ и Алфа, до доаѓањето на Телма. Ќе се потсетиме за времето кога Драган Вучиќ бркал девојки заедно со Здравко Чолиќ и што крие Кили во фонтаната пред Драмски. Кога Столе Стоилов пцуеше на хелиум и кога новогодишно во кафана се дружеа Жаре, Трендо и Џамбазов. Ова е само мало делче од екслузивните интервјуа, одличните гости и неверојатните приказни кои ја направија „Еден на Еден“ она што е денеска.
А како бонус, ќе го видиме и почетокот на Спасе, како најверен фан на емисијата!
Не заборавајте, нов термин на „Еден на еден“ – недела, 1 октомври, 20:30 часот на „Телма“!