Националната кампања „Јас внимавам“ со донации во Куманово
- Детали
- четврток, 28 септември 2017
Како дел од активностите на кампањата „Јас внимавам“, денеска во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Толи Зордумис“ од Куманово, беа поставени едукативни сообраќајни полигони.
Оваа донација во согласност со кампањата има за цел да им овозможи сообраќајна едукација на најмладите учесници во сообраќајот и да ги научи како најбезбедно да се однесуваат во истиот.
Освен тоа, сите ученици добија едукативни боенки, а за нив беше изведена и претставата „Јас Внимавам“, преку чии едукативни пораки полесно ќе се совладаат сообраќајните знаци и правила. Ваквата донација, осма по ред, ќе се реализира и во други основни училишта ширум Македонија до крајот на годината.
Годишната кампања, „Јас Внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА и со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е наменета да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и да влијае на сообраќајната култура во земјава.