Natura се претстави на третиот Health, Fitness & Wellness Expo
- Детали
- среда, 27 септември 2017
Natura се претстави на овогодинешниот Health, Fitness & Wellness Expo – единствениот настан за здрав животен стил кој беше организиран по трет пат во Македонија, овој пат на отворено - Градски Парк, на теренот на Работнички.
Беа претставени здравите својства на производите од брендот Natura, а посетителите на настанот имаа можност да ги вкусат и да научат нешто повеќе за придобивките од конзумирање на овие здрави прехранбени продукти.
Спортистите и љубителите на здрава храна и здрав живот знаат дека грижата за здравјето започнува со храната. За нив, производите на Natura како корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, семиња, мусли и сушено овошје се вистинскиот избор.
Овогодинешниот HF&W Еxpo имаше богата програма, распределена на четири сцени и тоа: Health, Fitness, Wellness и Kids Corner.
Посетителите на саемот имаа можност да дегустираат дел од нашата богата палета на производи, да се информираат за нераскинливата врска помеѓу здравата храна и спортувањето како и да добијат Natura подароци.
Викендот посветен на најновите програми за вежбање, фитнес, тренинзи, здрава храна и напитоци помина во супер спортски дух и расположение, а производите на Natura беа презентирани пред бројните посетители ориентирани кон здравите животни навики.