Животните на работно место – начин да се намали стресот и напнатоста
- Детали
- петок, 22 септември 2017
Во малата канцеларија на информатичката компанија Фереј (Ferray) во Токио девет мачки скокаат во скутовите на вработените, шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ службениот простор.
Една компанија во Јапонија, земја каде деловниот свет е познат по долгото работно време и неретко стресната дисциплина, понудила нова терапија против стрес на работното место - мачки.
Во малата канцеларија на информатичката компанија Фереј (Ferray) во Токио девет мачки скокаат во скутовите на вработените, шетаат по тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ службениот простор. Директорот на компанијата ја вовел оваа практика уште во 2000 година на барање на еден свој соработник кој инсистирал на работа да дојде со својата мачка. Дополнително тој ги мотивирал вработените со тоа што им понудил по 5.000 јени (40 евра) месечно на секој што ќе спаси улична мачка.
И други јапонски компании се ориентирале кон животните како начин да го намалат стресот и напнатоста на работното место. Во јапонската експозитура на Оракл (Oracle) песот наречен Кенди станал нивен амбасадор задолжен да прима гости и да ги смирува вработените - информација што може да се прочита на нивниот веб-портал. Оракл во Јапонија има пес во своите службени простории уште од 1991 година, а Кенди е четврти пес по ред кој денес има свој Твитер и Инстаграм профил.
Компанијата за човечки ресурси Пасона Груп (Pasona Group) со полно работно време „вработила“ две кози во 2011 година и две лами во 2013 година, делумно во терапевтски цели.
Со бројни емпириски истражувања, докажано е дека стресот на работното место остава последици по здравјето, продуктивноста и менталната кондиција на вработените и изнесува од 50% до 70% од вкупниот број на предизвикувачи на стрес. Во денешниот комплексен деловен свет, доброто менаџирање со вработените е есенцијална компонента за успешен бизнис, а водечките компании ги следат овие препораки што нудат екстра можности за поефикасно работење.
Во контекст на обезбедување на најдобрите услови за компанијата, менаџерите на одлучувачки позиции се во потрага по интегрирани решенија и услуги за да можат на своите вработени да им понудат поголема слобода, во зависност од потребите.
Едно од таквите паметни интегрирани решенија што половно влијаат на условите за работа и деловното опкружување е Magenta 1 Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди пристап до информации од каде било, документи на Cloud, интернет за во канцеларија, но и во движење, неограничена комуникација, безбедност, факс услуги без употреба на хартија и многу други придобивки.
Со ова решение, корисниците подобро ќе го менаџираат стресот поради унапредените потреби на бизнисот, а придобивките позитивно ќе влијаат на деловната атмосфера. Добрите решенија како Magenta 1 Business пакетот ја подигнуваат работната продуктивност и асертивност, но и способноста за управување на работата на конструктивен начин.
Деловните корисници на Magenta 1 Business пакетот добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Дополнително, можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред.
На овој начин секој деловен корисник на Magenta 1 Business ја намалува напнатоста и нервозата околу плаќањата, бидејќи ги добива сите потребни решенија на едно место и во една сметка.
Во деловно опкружување емоциите се заразни, па овозможете си мирна и спокојна работна средина и паметни интегрирани решенија, фактори заслужни за професионален успех и просперитет.
Повеќе информации за Magenta 1 Business побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.