Пакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел
- Детали
- четврток, 21 септември 2017
Неотел и овој пат истапи со поволности за новите корисници. Создаде понуда од пакети креирани според потребите на корисниците, а корисниците најмногу сакаат брз интернет и добар попуст.
Изберете пакет составен од најбрз интернет, како и телевизија - neoTV или пакет само со интернет и добијте 50 отсто попуст на претплатата во првите 3 месеци.
Попустот важи за сите нови корисници кои ќе имаат можност да изберат еден од четирите пакети на Neotel, NeoTrio 10, NeoTrio 20, NeoTrio 50 или NeoTrio 100.
Значително побрзиот интернет пристап, достапен со овие пакети е резултат на инвестицијата на Неотел во надградување и модернизирање на постоечката безжична мрежа и воведување нови технологии.
Ова модернизирање на безжичната мрежа, покрај побрзиот, овозможува и постабилен интернет сообраќај со едноставна опрема, без кабли, којашто брзо се инсталира. Додека пак со надградбата на оптичката мрежа, Неотел, оптичкиот интернет пристап од 100 Mbps со симетрична брзина, го направи достапен и за домашните корисници.
Побрзиот интернет пристап, од Неотел овозможува да ја почувствувате брзината на интернетот и потполно ново искуство во сурфањето, непречено гледање на омилените содржини, видеа или лајф стрим настани.
Тоа што понудата од Неотел ја прави поразлична од другите, покрај најбрзиот интернет пристап, е и телевизијата, neoTV. Во чекор со модерното време, neoTV нуди еден поинаков, модерен пристап во гледањето телевизија.
Освен што ги овозможува сите предности, паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, neoTV ги овозможува сите овие опции на кој било уред насекаде каде што има интернет.
Понудата со брз интернет и со попуст на претплатата во првите 3 месеци се однесува за сите нови договори со траење од 2 години за neoTrio пакетите што вклучуваат интернет, телевизија и телефон, како и за пакетите само за интернет и телефон. Промотивниот период е веќе започнат и ќе трае до 15 октомври 2017. Подетални информации се достапни на линкот.