И Македонија на мапата на глобалната сензација „CROWN MUSEUM “
- Детали
- понеделник, 18 септември 2017
Македонија наскоро ќе ги добие официјалните „Кралеви и кралици на бизнисот“ откако и најуспешните бизнисмени во Македонија ќе добијат можност да бидат дел од најновата глобална сензација наречена „Crown Museum”. Имено, овој уникатен модел за истакнување на врните успеси на бизнисмените ширум светот ја има првата и единствена колекција восочни фигури во реална големина на движечките сили на нашата цивилизација - бизнисмените со исклучителни постигнувања во бизнисот и општеството кои се инспирација и мотивација за многу млади луѓе во светот и нивните значајни успеси заслужуваат да бидат ценети и истакнати на соодветен начин.
Затоа, имајќи во вид дека восочните фигури со векови се познати како фигури со најголема сличност со вистинската личност, Музејот ја користи токму оваа докажана техника за идентична и доследна презентација.
Дополнително, со престижните признанија како официјални „Кралеви“ и “Кралици“ на бизнисот, Музејот им оддава почит за животното дело на најуспешните бизнисмени и ги наградува со простор за нивните восочни фигури внатре во музејот со што би заокружиле една етапа во животот која ќе биде запаметена од сегашните и идните генерации.
Крајно, строгите креитериуми за селекција, уникатниот начин на истакнување и екслузивноста го прават овој Музеј поразличен од било кој друг во светот. Според најавите на менаџментот, проекциите се дека до 2022 година, истиот ќе функционира во дури 30 земји на 4 континенти во светот.