250 учесници ги слушнаа преданијата за тајните на Бигорскиот манастир и уживаа во природните убавини во рамки на програмата „Мапа на културата“ организирана од Еуролинк осигурување

Скопје, 18.9.2017 год. - Во саботата на 16 септември 2017 година се одржа еднодневна посета на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како дел од програмата „Мапа на културата“ организирана од Еуролинк осигурување. Компанијата уште еднаш ги потврди своите заложби за негување на вистинските културни и историски вредности и им овозможи на 250 учесници да се запознаат со тајните на Бигорскиот манастир. Овој манастир претставува уникатен пример на архитектонско дело,  а иконостасот во црквата „Св. Јован Бигорски“, кој бил работен цели шест години, претставува еден од најубавите на Балканот.

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-01.jpg

Манастирскиот комплекс се состои од: Семејна кула, Манастирска црква и костурница, која се наоѓа веднаш до самата црква и гостинските конаци. Во црквата доминира големиот иконостас во резба, кој е изработен од надалеку прочуените копаничари Петре Филиповски-Гарката и Макарие Фрчковски, познати по своите импозантни дела.

Покрај резбите на светиот Јован Крстител и останатите светци, иконостасот е обогатен со многубројни резби на животни и птици, кои многу успешно се испреплетени со орнаменти на винова лоза, цвеќиња, ружи и многу други обележја, карактеристични за работата на дебарските и мијачките резбари.

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-02.jpg

Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат светите мошти на свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импозантна збирка на рачнопишувани ракописи кои се чуваат низ вековите. Секој добронамерник во манастирскиот комплекс е почестен со топло кафе и локум, уживајќи во прекрасниот амбиент во македонски стил.  Богатствата на природата ќе ве натераат да ја почувствувате неповторливата импозантна големина на манастирот „Св. Јован Бигорски “ бидејќи само тука ќе можете да го почувствувате духовниот мир, кој ќе ве натера повторно да го посетите овој рај на земјата. Еднодневната прошетка на која присуствуваа 250  учесници од сите генерации помина во прекрасна атмосфера и дружење. Се редеа возбудливи приказни за тајните преданија на Бигорскиот манастир. На крајот од денот со широка насмевка исполнета со мир и спокој се вративме во реалноста, побогати со ново искуство. Програмата „Мапа на културата“ за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – vашата врска со вистинските  вредности“.

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-03.jpg

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-05.jpg

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-06.jpg

250-ucesnici-gi-slusnaa-predanijata-za-tajnite-na-bigorskiot-manastir-i-uzivaa-vo-prirodnite-ubavini-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-organizirana-od-eurolink-osiguruvanje-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Свети Јован Златоуст – што треба да направите? Свети Јован Златоуст бил еден од најучените свештеници, па се верува дека денес ...
Денес е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“ Некои православни христијани веруваат дека денес не треба да се јаде ништо од чи...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Живописни цркви и манастири посветени на света Петка, низ Македонија На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg