Елена Стојановска и Росана Јанков во мисија за славење на женската убавина
- Детали
- понеделник, 11 септември 2017
„Погледни ја твојата убавина“ е носечката порака на најновата колекција која излезе од работилницата на искусните дизајнери и кројачи во Bella, а ја пренесуваат Елена Стојановска и Росана Јанков.
Нашиот бренд за првокласна модна облека кој е посветен на изнаоѓање решенија за модните желби на современата жена, овој пат оди чекор подалеку – ги охрабрува дамите да уживаат во сопствената убавина.
„Секоја жена носи со себе уникатен шарм и убавина, негува сопствен имиџ и стил. Но, она што е заедничко за сите е желбата за потполно задоволство од одразот во огледалото, одраз кој ќе ја истакне нивната елеганција, женственост и самодоверба. Затоа со нашата нова колекција сакаме да ги поттикнеме дамите да застанат гордо пред себе, да се насмевнат и со полна самодоверба да излезат пред светот“ – објаснуваат од Bella.
Колекцијата ја претставуваат Росана Јанков и Елена Стојановска која со овој проект ја започнува соработката со брендот како заштитно лице.
„Горда сум што станав дел од овој тим кој отсекогаш сум го доживувала како најдобар пријател на современите жени кои зрачат со елеганција и самодоверба. Ова е само официјализирање на взаемната почит која одамна постои помеѓу мене и Bella. Навистина уживав во целиот процес на создавање на овој едиторијал за новата колекција која морам да признаам дека е прекрасна и на изглед и по чувството кое го дава секое парче облека кое го носев.“ – изјави Елена.
Росана уште еднаш потврди дека е вистинскиот избор за заштитно лице на Bella, претставувајќи го секој модел во неговиот полн сјај - „Ова е моето второ искуство како модел за едиторијал на Bella и не би можела да кажам ништо друго освен најголеми комплименти за креациите кои зрачат со стил кој е совршена синергија помеѓу квалитетот и грациозноста, нешто што според мене е заштитен знак на брендот.“
Моделите се изработени од квалитетни, пријатни материјали во бои кои се синоним за елеганција низ годините и покрај константно променливите трендови. Наменети се за свечени и деловни пригоди, но и за секој пат кога истакнувањето на уникатната убавина преку модерна и грациозна облека е приоритет.