Слатки ужинки за сладок почеток на учебната година
- Детали
- понеделник, 04 септември 2017
Подарувањето слатки на учениците стана неформален и широко прифатен обичај...
Првиот училишен ден е многу голем и важен настан за децата и нивните родители. Малите првачиња седнуваат во школските клупи и го почнуваат процесот на научно и креативно зреење.
Бидејќи првиот училишен ден е свеченост за учениците, стана неформален обичај, возрасните тој ден да им подаруваат слатки нешта на дечињата.
Дури и учителката ги пречекува и поздравува децата со слатки додека тие збунето се сместуваат во училишните клупи.
За посладок и незаборавен прв училишен ден, за енергија и добро расположение, децата во своите ранчиња имаат по некој слаткиш, а и дома ги чека торта или други вкусни благи десерти.
Учениците се постојано активни, како низ игрите, така и умствено на часовите. Затоа им се потребни редовни извори на енергија од исхраната. Омилениот десерт во школските ранчиња и овој 1-ви Септември се вафлите Алми, вкусни, крцкави и чоколадирани ужинки, кои овој месец во големите маркети ќе се продаваат со подарок тетратки.
Алми Вафер е вкусна, млечна закуска која дава енергија и задоволство во паузата меѓу часовите, а детското главче да мисли и учи на часовите. Алми е достапна во практично пакување од 30 гр, а во маркетите може да се најде и пакување од Алми вафли 150г, односно 5 одделни вафли за секој училишен ден од неделата.
Дел од семејството на кравичката Алми е и двобоен Алми крем, со интензивен вкус на лешник кој децата го обожаваат намачкан на лепче во комбинација со ладна чаша млеко. Чоколадниот крем Алми е толку неодолив што децата добиваат желба да црпат со лажица од големото 900 грамско пакување.
Според податоците на Министерството за Образование и Наука над 20.000 првачиња, овој септември ќе тргнат на училиште.
Винчини и кравичката Алми им посакуваат среќен почеток на училишните денови, многу успех и другарчиња.