Донација на Неотел за реконструкција на Посебното основно училиште Иднина

donacija-na-neotel-za-rekonstrukcija-na-posebnoto-osnovno-uchilishte-idnina-01.JPG

Учениците од училиштето за деца со посебни потреби, Иднина, новата учебна година ќе ја почнат во реновиран простор благодарение на донацијата на телекомуникацискиот оператор, Неотел.

Со донацијата ќе се изврши репарирање и молерисување на ентериерот на објектот, вклучувајќи ги училниците, ходниците и помошните простории што ќе придонесе за подобрување на основните услови во училишниот објект.

Донацијата за ова училиште е дел од нашата компаниска, општествено одговорна политика и ангажирана грижа за заедницата која има потреба од помош од бизнис секторот. Целиот тим се обедини под идејата донацијата да ја насочиме кон објект којшто има голема потреба од обемно вложување и каде се згрижени деца што го заслужуваат вниманието на сите институции и субјекти од системот. Нашето вклучување е потврда дека секоја компанија или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален директор на Неотел.

Во училиштето се згрижени околу 115 деца, a училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби.

Работите околу реконструкцијата што започнаа овој месец се очекува да бидат завршени до почетокот на новата училишна година.

donacija-na-neotel-za-rekonstrukcija-na-posebnoto-osnovno-uchilishte-idnina-02.JPG

donacija-na-neotel-za-rekonstrukcija-na-posebnoto-osnovno-uchilishte-idnina-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Џамлии, жмурка: Maкедонските познати личности ги откриваат омилените игри од детството + како изглед... Лила Филиповска вели: „Во детството сакав многу плочка и игравме ластик“, а пак ...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg