Сара Фешн со 70% намаление на своите производи за 18-ти роденден
- Детали
- среда, 30 август 2017
Најголемиот македонски бренд за долна облека, чорапи, хулахопки, пижами и костими за капење, Сара Фешн започна со роденденската акција „Ние славиме, вие добивате!“. За време на акцијата нивните производи може да се купат по намалени роденденски цени до 70%.
„Среќни сме што 18 години сме на пазарот и по тој повод во сите наши продавници 18 дена или поточно до 16ти септември ќе трае промотивна акција со намалувања до 70%. Нашата приказна ќе ја раскажеме со големо модно шоу #MySweet18 на кое ќе учествуваат модели, диџеи и музички артисти од Балканот. Им благодариме на нашите потрошувачи за довербата и за тоа што го препознаваат квалитетот на нашите производи“ велат од Сара Фешн.
Освен сопствената линија на компанијата, за време на попустите може да се купат хулахопки од најголемиот производител во Европа, Пенти како и парчиња долна облека на брендот ΝΒΒ. Може да се најдат и костимите за капење од 290 денари, а количините на сите парчиња се ограничени.
Сара Фешн освен во Македонија, свои продавници има и во Србија, во блиска иднина својот бренд ќе го шират и во други земји низ Европа.