Верица Блажеска: Во „Ендава“ ги пронајдов предизвикот и поддршката кои ми беа потребни
- Детали
- среда, 30 август 2017
Во „Ендава“ ги пронајдов предизвикот и поддршката кои ми беа потребни.
Верица вели дека „Ендава“ е компанија која им помага на луѓето да го достигнат балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Верица Блажеска пред речиси две години ја почнала кариерата во ИТ-компанијата „Ендава“ на позицијата Лидер на тестирање во дисциплината Тестирање. Гледајќи наназад убедена е дека го направила вистинскиот чекор и среќна е со својот избор. Вложува страст и енергија на работното место, а воедно е и мајка на две мали деца со кои го поминува своето слободно време.
- За компанијата првично дознав преку социјалните медиуми, но и низ разговорите со поранешни колеги кои сега работат во „Ендава“. Морам да признаам дека првично бев малку скептична бидејќи имав искуство со големи компании каде не ми се допаѓаше бирократијата. Но, по разговорите со неколку клучни луѓе од „Ендава“ разбрав дека организациската структура е поинаква и насочена кон третманот на вработените и клиентите како индивидуи притоа овозможувајќи им да бидат најдобра верзија од себеси. Тогаш одлучив да ја искористам шансата, да започнам ново патување и среќна сум што го направив вистинскиот избор – објаснува Блажеска.
Верица е во областа на тестирањето речиси 10 години и секој ден носи нешто ново за неа. Вели дека најмногу ѝ се допаѓаат динамичноста, конкурентноста и шансите да се надградува и учи.
- Навистина го сакам тоа што го работам. Почнав како мануелен тестер, потоа имав можност да научам за тестирање со автоматизација, тестирање на перформанси, тест лидерство и никогаш не е здодевно. Постојано има нешто ново што можеш да го научиш. Меѓутоа, луѓето најчесто не знаат што значи тестирањето и на истото гледаат како на последен дел во процесот на развој на еден продукт кој често, ако нема време, може и да се изостави – објаснува таа.
Се надоврзува дека тестирањето е многу повеќе од проверка дали кодот работи. Најпрво, тест тимот потврдува дали барањата на клиентот се добро дефинирани и јасни за да може да се валидираат и верификуваат.
- За време на имплементирање на барањата, се врши анализа и подготовка на тест скрипти и тест податоци. Потоа се проверува дали се задоволени барањата на клиентот, со што се одржува листа на сите недостатоци и грешки кои треба да се корегираат. Исто така, често се случува тест тимот да е и поддршка на крајните корисници за време на верификацијата на софтверот. Ние сме мост помеѓу бизнисот и функционалноста на софтверското решение што го испорачуваме. Се грижиме за квалитетот на производот од почетокот па сè до самата испорака - појаснува Верица.
Таа воедно е лидер на тимот за тестирање кој работи со еден од најголемите компаниски клиенти од сферата на осигурувањето. Тоа значи беспрекорна и посветена работа како дел од екипа која функционира од повеќе различки локации како Лондон и Клуж.
- Работата со колеги од различни локации е уште еден предизвик со кој се соочувам секој ден и кој ми помага да се надградувам во таа насока – додава Блажеска.
Преку секоја интеракција во рамки на тимовите и во компанијата, целта е да се креира позитивна средина што пак помага да се завршат секојдневните обврски со различно ниво на сложеност. На овој начин луѓето градат силни врски и длабоки и значајни конекции.
- Бев дел од коучинг и тренинг програмата во „Ендава“ и тренингот за скрам – сертифицирање со кој станав и сертифициран скрам мастер. Сакам да учам и да го споделувам знаењето и на “Pass It On” сесијата “Keyword driven testing” ми значеше можноста за интеракција и со останатите членови од македонската заедница за тестирање – посочува Верица.
„Ендава“ нуди голем број на шанси за своите вработени и тоа не само во насока на кариерата и личниот развој туку и преку тоа што наоѓа начини да ги инспирира да се поврзат меѓу себе негувајќи ги нивните пасии и интереси да ги подобрат своите вештини.
За „Ендава“:
„Ендава“ е приватна IT компанија со над 16 години искуство работење со светските лидери во финанси, осигурување, телекомуникации, медиа, технологија и малопродажба. Преку пропозициите на агилната трансформација, дигиталната еволуција и автоматските решенија, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни и флексибилни.
„Ендава“ има над 3800 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и Бугарија.
Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, „Ендава“ ја препознава и важноста да им овозможи на своите вработени содржајни кариери и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособните инженери.