Назад во училиште со позитивните пораки на OKAIDI
- Детали
- среда, 23 август 2017
Францускиот бренд за деца Оkaidi го прославува почетокот на училиштето со пораки за позитивни мисли и чувства, добро расположение, меѓусебно помагање, толеранција и оптимизам.
Овие пораки, испреплетени со симболични елементи кои асоцираат на почетокот на училишната година се пресликани во фотосесија, изработена локално како поддршка на кампањата “Назад во училиштe”.
Позади фотографиите, каде главни актери се шест мали, но многу професионални деца-модели стои Билјана Ќосева, која вешто успеа да ги долови детските емоции на магичен начин и да создаде приказна кој го отсликува светот на Оkaidi, свет исполнет со искреност, едноставност и многу радост.
Оваа фотосесија не е прва соработка со Билјана - веќе неколку месеци брендот се појавува во прекрасните фотографии на Instagram профилот на Билјана (www.instagram.com/bibslovelea ), каде таа го отсликува шареното секојдневие и авантурите на нејзините две момчиња кои многу често се облечени во облеката од Okaidi.
Програмата “Назад во училиште” нуди разновидни парчиња за момчиња и девојчиња, кои создаваат микс од удобност и современ стил, карактеристичен за овој бренд.
Боите се свежи со карактеристични тонови за есенските месеци, а нивното комбинирање нуди безброј варијации и можност секое дете да ја изрази сопствената уникатност.