Нова ера на џинсот во CELIO*
- Детали
- вторник, 22 август 2017
Фармерките се есенцијален дел од машката гардероба - лежерни, шик или пак во спортска варијанта. Дизајнирана за да ги задоволи потребите на купувачите, нивниот вкус и очекувања, новата колекција на фармерки од Celio* нуди голем број на модели и посветеност на детали која го движи брендот веќе 30 години.
Класични и модерни кроеви кои доаѓаат во голем број нијанси, доработени со беспрекорни детали, од материјал кој е издржлив и отпорен на кинење.
Последната иновација на Celio*, POWERFLEX техонологијата, нуди револуционерен пристап во еластичноста на фармерките и овозможува нова слобода во движењето.
Иновативниот материјал го комбинира автентичниот деним изглед и екстремна удобност во секојдневното облекување и дополнително ја зголемува издржливоста и отпорноста на кинење.
“Слим” фармерките никогаш до сега не биле толку удобни!