Средба на најдобрите европски креативци
- Детали
- среда, 16 август 2017
Најдобрите креативни директори на агенциската мрежа McCann од Средна и од Источна Европа се состанаа за да разменат искуства за најдобрите и најефикасни кампањи, да ја продолжат заедничката работа на креирањето кампањи за клиенти и да ги применат најдобрите светски искуства во креативната работа. Ова е уште една можност локалните агенции McCann да дадат свој придонес кон промоцијата на регионалната креативност во светски рамки.
„Силата и клучот на успехот на агенциите McCann се наоѓа во средбите од овој тип, на кои разменуваме мислења и искуства од различни пазари, со цел креирање што поуспешни кампањи. Иако многуте неодамнешни награди доделени на нашата група тоа го докажуваат, нашиот стремеж е што повеќе да работиме на кампањи кои се истакнуваат и по креативност и по ефикасност. Искуствата на успешните креативци од Европа ни значат многу за ширењето на знаењата, а ваквите состаноци се можност да ги запознаеме уште повеќе со нашата креативност. Културолошките разлики најчесто донесуваат нови перспективи во решавањето на комуникациските предизвици. Големите идеи не познаваат граници, а обединувањето на врвните креативци во овој регион се потврда и признание за нашата локална креативност, знаење и искуство“, вели Даниел Вуковиќ, главен креативен директор на агенцијата McCann Загреб.
На состанокот, покрај креативните директори од Европа, присуствуваше и Ерик Моне (Erik Monnet), директор за креативна извонредност и потпретседател на McCann Worldgroup од Њујорк.
„Агенциите McCann во овој дел на Европа се препознатливи по силните кампањи. Тоа се креативни и паметни кампањи со јасна порака, кои оствариле ефикасни резултати за клиентот. Намерата ни е вакви кампањи да развиваме уште повеќе. Овој регион е важен и секогаш бил силна потпора во креативноста за целата наша агенциска мрежа. Потврда на ова е тоа што агенциите McCann од Средна и од Источна Европа години наназад се меѓу најуспешните на пазарите на кои дејствуваат, а ова го покажуваат и многубројните награди. Кон успехот придонесоа неверојатните, исклучителните кампањи на колегите од Романија, Чешка, Унгарија, Србија и, се разбира, Хрватска. По посетата на овој регион сум уште поуверен во потенцијалот на агенциите McCann и во луѓето кои овде работат со цел креирање наградувани кампањи“, истакна Ерик Моне, директор за креативна извонредност и потпретседател на McCann Worldgroup.
За место на состанок беше избран Белград, што е признание не само за локалната, туку и за регионалната креативност на овој дел на Европа. Потврда за ова се и агенциите McCann што работат во рамките на групата I&F McCann во Југоисточна Европа, кои во претходниот период беа прогласени за најуспешни и најефикасни на пазарите на кои дејствуваат.