Јогурт - идеален пијалак за летните горештини

Освежителен, нискокалоричен, полн со протеини, минерали и витамини, јогуртот содржи многу малку калории и е идеален летен пијалок, кој освен нутритивните, има и други вредности и забележителни ефекти врз здравјето и општата благосостојба. Освен што помага при согорување на мастите, некои истражувања укажуваат на тоа дека јогуртот е водечка намирница за контрола и регулирање на тежината.

jogurt-idealen-pijalak-za-letnite-gorestini-01.jpg

Јогуртот е и прирорен лек против опекотини, односно одлично разладува. Па доколку поцрвените од силното летно сонце, посегнете по лек директно од фрижидерот, кој ќе ја смири надразнетоста и непријатното пецкање, а воедно и ќе ве разлади.

При менување на климата и водата за пиење, многумина страдаат од надуеност, дијареа или од опстипација, за што решението одново е јогурт, секако доколку немате посериозни проблеми што треба терапевтски да се третираат.

Имајќи ги в предвид сите овие придобивки, тимот на Алпско млеко иницираше акција на подигнување на перцепцијата за јогуртот како пијалок што се конзумира само за појадок. Попладневната конзумација на домашен јогурт од Алпско млеко, после долг ден поминат на сонце, го ревитализира телото и духот. Освен бесплатни примероци на освежителен јогурт, на шеталиштето во Охрид се дистрибуираа и магнети со интересни и инспиративни пораки.

jogurt-idealen-pijalak-za-letnite-gorestini-02.jpg

Алпско млеко како бренд со долгогодишна традиција, во својата јубилејна 60 година од постоење, одлучи на македонските потрошувачи покрај добро познатото млеко и јогурт, да им нуди и кисело млеко и кисела павлака направени по оригинална рецептура во хармонија со природата.

Јогуртот не е само чудесна намирница добра за нашето здравје, туку е и неверојатно вкусен и освежителен пијалок и од тие причини, промо-тимот на Алпско млеко ќе дистрибуира бесплатни јогурти за освежување по долгиот, топол ден и овој викенд на 4 и на 5 август, на шеталиштето во Охрид.

jogurt-idealen-pijalak-za-letnite-gorestini-03.jpg

За појадок, меѓуоброк или десерт, јогуртот е лесен и здрав пијалок достоен за восхит, а благодетите од неговото конзумирање се многубројни, што науката секојдневно го потврдува.

Заради сето ова и уште многу друго, убедени сме дека домашниот јогурт од Алпско млеко ќе ви стане омилен летен пијалок.

jogurt-idealen-pijalak-za-letnite-gorestini-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Добрила Чабриќ од „Никогаш не е доцна“: „На 95 години уште возам, не сакам кога ми велат дека сум ст... Најстарата учесничка на шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, освен што ја...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Инфлуенсерот Александар Динев (20) позира во пустина: „Хабиби дојди во Дубаи“ Со марама на глава и бела плетена маица, 20-годишниот Александар Динев позира во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg