Пет интересни факти што не сте ги знаеле за македонскиот пензиски систем

Сигурно, не постои вработено лице кое барем еднаш во текот на својот работен век нема да помисли на денот на своето пензионирање и да посака конечно да здивне од напорното работно секојдневие. Секој од нас сонува за моментот кога ќе ужива трошејќи ја својата пензиска заштеда стекната низ работниот век.

5-interesni-fakti-sto-ne-ste-gi-znaele-za-makedonskiot-penziski-sistem-001.jpg

Речиси и да нема вработен во земјава кој не знае дека во Македонија мажите се пензионираат со навршени 64 години старост, а жените со 62 години и минимум 15 години работен стаж, по што секој месец се добива заслужена пензија. И на многумина оваа информација им е сосема доволна. Но, на интернет-страницата пронајдовме пет интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле за македонскиот пензиски систем.

1. Покрај пензијата од ПИОМ, сите вработени по 1.1.2003 година на располагање ќе имаат и дополнителна пензиска заштеда која ќе се користи исклучиво за исплата на нивната пензија.

Звучи премногу добро за да е вистинито, но точно е. Сите вработени по 1 јануари 2003 година задолжително стануваат членови и на вториот приватен пензиски столб, покрај задолжителното плаќање придонес на првиот државен пензиски столб. Со тоа по пензионирањето освен редовната државна пензија на располагање ќе ја имаат и пензијата акумулирана на нивната индивидуална сметка во вториот столб – пари кои се издвојувале од нивната плата во текот на работниот век, а истовремено и се зголемиле благодарение на приносот од инвестирање на средствата кој го остварил Друштвото кое управува со нивниот задолжителен приватен пензиски фонд.


2. Акумулираните средства во вториот столб се динамични и се инвестираат.

Иако оваа информација може да не Ви влева сигурност и да предизвикува да бидете скептични, воопшто нема потреба од грижа. Средствата на сметката во пензискиот фонд во кој членувате ги управува пензиското Друштво, сѐ додека не го остварите правото на пензија или додека не заврши исплатата на програмирани повлекувања кои ги исплаќа Друштвото. Тие средства се инвестираат според многу строги правила утврдени со закон со кои се обезбедува соодветна распределба на средствата со што се заштитени од евентуален пад на нивната вредност. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја супервизира работата на друштвата на дневна основа со цел да се осигура дека друштвата ги следат правилата, а контрола на инвестирањето од своја страна врши и Банката чувар на имотот на пензискиот фонд. Кај таа Банка чувар на имот средствата на пензискиот фонд целосно се одвоени од средствата на пензиското друштво. Значи, преземени се мерки за тие да бидат сигурни од секој аспект.


3. По пензионирањето може да бидете сигурни дека ќе ги добиете парите  од Вашата индивидуална сметка
.

Кога ќе остварите право на старосна пензија согласно законската регулатива ќе може да ги користите и средствата од вториот столб, односно ќе може да одберете некои од понудените начини на исплата. Доколку не се стекнете со право на старосна пензија поради тоа што немате најмалку 15 години стаж, акумулираните средства од вашата сметка може да ги повлечете наеднаш или во вид на пензија по навршување на 65 години возраст.


4. Членството во Вториот столб трае до остварување на правото на пензија.

Ова е смирувачка информација за многу луѓе. Доколку останете без работа, не го губите правото на членство и си останувате член во вториот столб. Вашите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување, уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискиот фонд каде и претходно сте биле член. 


5. Доброволно може и дополнително да штедите за поквалитетни пензионерски денови.

Освен средствата од првиот и вториот пензиски столб, доброволно може да се приклучите и во третиот столб - доброволно пензиско осигурување. Во овој столб  самите одредувате колку пари ќе уплаќате и динамиката со која ќе уплаќате. Значи, уплаќате колку сакате и кога сакате, а плус и користите даночни стимулации и бенефиции од страна на државата. Сите пари акумулирани на сметката од третиот столб може да ги користите најрано 10 години пред стекнување на право на старосна пензија.

5-interesni-fakti-sto-ne-ste-gi-znaele-za-makedonskiot-penziski-sistem-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg