Новитет на пазарот - Ѓевреци со уникатни вкусови од Жито Лукс

(Скопје, 09.06.2017) – Жито Лукс започна со производство и продажба на ѓевреци, збогатувајќи ја понудата на пазарот со четири нови вкуса ѓевреци. Класичен, ‘ржан, ѓеврек со маслинки и ѓеврек со суво грозје е новитетот од најголемиот производител во мелничко - пекарската индустрија во Македонија.

novitet-na-pazarot-gevreci-so-unikatni-vkusovi-od-zito-luks-001.jpg

Идејата беше да им понудиме на потрошувачите еден нов и поинаков асортиман на ѓевреци, користејќи мајсторија на нов начин преточена во вкусовите кои ги нудиме а кои ќе бидат лесно достапни во маркетите во Скопје. Новитет не се само вкусовите, за кои веруваме дека ќе бидат одлично прифатени, туку и поинаквиот пристап во продажбата на овој производ, зголемувајќи го нашиот асортиман на производи на веќе добро познатите продажни места“, изјави Маја Муратовска од Секторот за маркетинг на Жито Лукс.

Ѓеврекот со маслинки е направен со парчиња сочни зелени маслинки и внимателно избрана пченица и потполно успева да го долови вкусот на Медитеранот.’Ржаниот ѓеврек е комбинација од избрани житарки и разновидни семиња, сончоглед, сусам, црн сусам и овесни снегулки. Ѓеврекот со суво грозје и цимет пак е уникатен рецепт, кој со својот карактеристичен сладок вкус претставува вистинска новина во овој сегмент производи. Тука е и класичниот ѓеврек,со препознатливиот, богат вкус на сусам. Новите производи може да се најдат во повеќето маркети на територијата на Скопје, а наскоро и во останатите продажни места во другите градови.

Ѓевеците, како и сите останати производи од Жито Лукс кои се присутни на пазарот, се одликуваат со врвен квалитетот неприкосновен за компанијата, а кој директно прозизлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и модерниот технолошко-производен процес.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg