МАКПРОГРЕС Виница партнер на Црвениот крст на РМ во поддршката на децата и младите со посебни потреби

Започнувајќи од месец јуни до декември 2017 година, компанијата МАКПРОГРЕС од Виница ќе биде партнер на Црвениот крст на РМ, поддржувајќи ја имплементацијата на различни проекти наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

makprogres-vinica-partner-na-crveniot-krst-na-rm-vo-poddrshkata-na-decata-i-mladite-so-posebni-potrebi-01.jpg

За таа цел, денес 06.06.2017 година во просториите на МАКПРОГРЕС, г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес и г. Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија потпишаа Договор за донација за поддршка на активностите кои ќе се реализираат преку Општинските организации на Црвениот крст на Виница, Куманово, Штип и Струмица во соработка со дневните центри за деца со посебни потреби во овие општини.

makprogres-vinica-partner-na-crveniot-krst-na-rm-vo-poddrshkata-na-decata-i-mladite-so-posebni-potrebi-1.jpg

Целта  на овие активности е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби, и нивно подобро прифаќање во средината преку различни активности меѓу кои креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, психолошка поддршка и едукации за децата и родителите на децата, како  и многу други активности кои ќе ги иницираат тимовите на локално ниво.  Во имплементација на активностите ќе бидат вклучени и вработени на компанијата, како социјално одговорни граѓани, вработени од  дневните центри и родители на децата.

makprogres-vinica-partner-na-crveniot-krst-na-rm-vo-poddrshkata-na-decata-i-mladite-so-posebni-potrebi-2.jpg

Макпрогрес оваа донација ја обезбедува како дел од остварениот приход од продажба на својот најпродаван производ на македонскиот пазар, Тортина од Винчини. МАКПРОГРЕС од Виница како реномирана компанија во земјата која во своето работење го практикува општественото одговорно однесување, како неделив дел од своето бизнис постоење,  со поддршката на овој проект го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓето во заедницата.

makprogres-vinica-partner-na-crveniot-krst-na-rm-vo-poddrshkata-na-decata-i-mladite-so-posebni-potrebi-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина добија ќерка: „Мојата најголема авантура започна“ Даниел Кајмакоски откри дека со сопругата Марина добија ќерка - Емилија. Дани...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg