Македонија ја живее неделата на лајонизмот

05.06.2017, Скопје – Следниве пет дена Македонија ќе живее со боите на активизмот на Лајонсите во земјава. Во Неделата на Лајонизмот, која почнува денес и трае до 10 јуни 2017 година, Лајонс клубовите во Македонија организираат низа различни активности насочени кон подобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, гладните лица, заштита на локалните животни средини и на сите на кои им е потребна помош.

makedonija-ja-zivee-nedelata-na-lajonizmot-01.jpg

Според Лион Вида Пеева – Наумовска, директор на Лајонс Клуб Вардар и еден од иницијаторите за Неделата на Лајонизмот во Македонија, оваа седмица ќе се работи на промоција и популаризација меѓу населението во Македонија со цел сите оние кои чувствуваат потреба својот хуман порив да го реализираат преку волонтерски активности и на организиран начин, да се препознаат како идни членови на нашите клубови.

„Во оваа лајонистичка година, кога славиме 100 години од Лајонизмот во светот и 20 години од неговото практицирање во Македонија, Лајонс клубот Вардар ја покрена иницијативата за реализација на проектот “Недела на Лајонизмот во Македонија”. Проектот кој целосно е поддржан од Дистрикт 132 Македонија е замислен како широка промоција и популаризација  на концептот на Лајонизмот, обележјата,  принципите, целните групи, активностите и придобивките за луѓето од ранливите групи во општеството“, потенцира Пеева - Наумовска.

Според неа, ќе се организираат голем број хуманитарни активности од страна на Лајонс клубовите и преку билборди, флаери, знамиња и друг промотивен материјал ќе се направат напори Лајонизмот да се промовира и афирмира во што повеќе домови ширум земјава.

За актуелниот гувернер на Дистрикт 132, Лион Слободан Вуќикевиќ, Лајонизмот за сите членови е начин на живеење, волонтерско помагање на оние на кои им е потребна помош, грижа за здрава животна средина, но и меѓусебно дружење и создавање трајни пријателства.

„Зад нас се две децении на развој, години на создавање на Лајонси, на нови Лајонс клубови. Еве сме сега – споени во тим – единствен и победнички, во Дистрикт 132 Македонија, респектиран дел од меѓународната асоцијација на Лајонс клубовите. Голема е честа и одговорноста да се биде Гувернер  во година на јубилеј, а чинам уште поголем е јубилејот 100 години постоење на Лајонизмот. Нашиот Дистрикт станува локален лидер во грижата за ранливите групи, низ бројни проекти и активности што го докажуваат ова. Времето пред нас, тоа треба да биде потврда дека и понатаму ќе сме горди на успесите што ги постигнуваме“, рече Вуќикевиќ.

Првиот клуб во Република Македонија е формиран во 1997 година, а денеска, на прославата на 20 години на активна работа имаме 910 вредни членови во 39 клубови во 14 градови во нашата држава со тенденција на постојан пораст.

Минатогодишниот гувернер на Дистрикт 132, Лион Звонимир Цветановски, објасни дека Lions Clubs International е најголемата светска асоцијација на сервисни клубови, која во 2007 година, според Форбс, е прогласена за најдобра меѓународна невладина организација. Членувањето е волонтерско.

„Поставувањето на почетокот на нашата асоцијација во време и простор покажува  дека желбата на хуманите основачи е во третата година на Првата Светска Војна да ги ублажат ужасните последици на војната. Многу семејства изгубиле членови на семејството, во многу семејства се вратиле инвалидизирани луѓе, борбата за преживување како последица на воено- економска политика биле силен мотив да се обидат да им помогнат на сите на кои им е потребна помош. Таа определба и денес останува наша цел, особено помошта на ранливите групи, кои не можат сами да си обезбедат услови за нормален живот. Лајонсите се нарекуваат „витези на слепите во борбата против темнината“, инспирирани од трогателниот говор на Хелен Келер, која на 18 месечна возраст го изгубила видот, ама успеала да се образува и да се бори за помош на слепите и слабовидни лица“, рече Цветановски на денешната конференција за печат.

Сите информации за Лајонс асоцијацијата може да ги најдете на ЛИНКОТ.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg