Ексклузивно интервју со д-р Виктор Ѓорѓиески, Регионален директор на STUBRAND
- Детали
- сабота, 03 јуни 2017
„Студентите избираат, ние ги сертифицираме најсилните брендови во Македонија“
Во третата година од постоењето на македонскиот пазар, меѓународната агенција за истражување и сертификација STUBRAND се етаблира како водечка агенција во својот сектор. Во ова екслузивно интервју ќе се обидеме да дознаеме на што се должи големиот успех и на кој начин за толку кратко време е постигнат истиот.
CRNOBELO: Г-дине Ѓорѓиески, што е STUBRAND и што прави STUBRAND за студентите и за брендовите?
В.Ѓ.: Најпрво ви благдоарам за поканата за интервју од најомилениот веб сајт на македонските студенти изминативе 3 години. Имено, STUBRAND е првата и единствена меѓународна агенција за истражување и сертификација која преку уникатен истражувачки процес со кој се мери перцепцијата за имиџот на брендовите кај студентската популација ги одредува најсилните брендови присутни на македонскиот пазар. Имајќи ја предвид моменталната недоволно почитувана положба на студентите како социјална група во општеството, ова прв пат некој да се консултира со нив, да го цени нивното мислењето и тие да бидат одлучувачки фактор. Студентите исто така се пресреќни бидејќи имаат ретка можност да бидат дел од активностите на STUBRAND и со тоа да се поврзат со најголемите компани во Македонија и да си ги зголемат шансите за почеток на својата професионална кариера кај нив. Од друга страна пак, STUBRAND, покрај можноста на едно место да ги пронајдат своите идни кадри од редот на најталентираните македонски студенти, на компаниите им нуди и единствена можност да бидат промовирани како најатрактивни брендови кај оваа најзначајна таргет група консументи, а таа промоција да ја прави една агенција која е респектрана на глобално ниво.
CRNOBELO: Што го прави STUBRAND поразличен од останатите иницијативи од овој тип?
В.Ѓ.: STUBRAND се разликува од постоечката конкуренција на македонскиот пазар во два клучни сегменти. Прво, целната група која директно ги избира и промовира омилените брендови се студенти (односно млади лица на возраст од 18-27 години) кои се многу значајна потрошувачка група и сега, но уште повеќе и во иднина. Токму затоа, пораката на STUBRAND е „Креирајте вистинска лојалност кон брендот кај студентите денес, и задржете ја засекогаш!“. Втората разлика произлегува од фактот што единствено брендовите кои реално уживаат позитивен имиџ кај студентите можат да бидат партнери на STUBRAND. Поради строгоста на методогијата, како што може и да се заклучи, претходните 3 години STUBRAND ги има сертифицирано единствено брендовите кои се реално најпопуларни кај студентите.
CRNOBELO: Како се одредува кој бренд го добива признанието STUBRAND за конкретната година?
В.Ѓ.: Имајќи го во вид претходното, брендовите со позитивен имиџ над 50% добиваат признание за STUBRAND, додека пак брендовите со позитивен имиџ над 75% и процент на Love одговори поголем од Like одговори, се стекнуваат со признанието за PREMIUM STUBRAND за конкретната година. Всушност, тоа се брендови кај кои има најголем степен на емотивна приврзаност кон брендот кај оваа целна група потршувачи, што всушност е и крајна цел на процесот на брендирање.
CRNOBELO: Кои брендови се стекнаа со престижното признание оваа година?
В.Ѓ.: Mногу ме радува фактот што и оваа година ја продолжуваме соработката со дел од брендовите со кои соработуваме веќе три години, како што се Ладна, Добра Вода, Телекабел, Телевизија 24 и вашиот портал crnobelo.com.
Оваа година студентите ги избраа следните брендови:
- Ладна
- Добра Вода
- Телекабел
- Good Nature
- Зегин
- Шпаркасе Банка
- Голден Арт
- Еуролинк
- Европа
- Коузон
- Rapsody Travel & Events
- Healthy Food by Zegin
- Неуромедика
- Јока
- Имако
- Nescafe
- Телевизија 24
- crnobelo.com
Сакам да потенцирам дека повеќе од 90% од брендовите се македонски, што исто така е за пофалба бидејќи потврдува дека и македонските компании знаат и успеваат да изградат силни брендови кои се надевам ќе бидат уште посилни и во глобални рамки.
CRNOBELO: Кои ваши активности можеме да ги очекуваме до крајот на оваа година?
В.Ѓ.: По успешните промотивни кампањи во студентските домови во Скопје со Ладна, Добра Вода и Јока, до крајот на годината ќе следат уште две такви камапањи со Good Nature и Nescafe. Исто така, за во октомври е планиран да се одржи и најголемиот свечен настан организиран за студентите во Република Македонија за време на кој ќе бидат промовирани официјалните STUBRAND-ови за оваа година. За разлика од лани кога на настанот учествуваа преку 300 студенти од сите факултети и универзитети во Република Македонија, годинешниот свечен коктел ќе биде меѓународен и очекуваме студенти и од Косово и Албанија. Секако, пред нова година ќе излезе и новото издание на STUDENTS: The International Magazine во кое како инсертер ќе биде специјалната брошура во која секој од брендовите сертифицирани со STUBRAND 2017 ќе добие по 2 страни простор да испрати порака до студентите од сите факултети и универзитети во Македонија.