Нов комуникациски софтвер за поголема безбедност на воздухопловниот сообраќај

Високо-ефективен, компатибилен и модерен комуникациски систем за контрола на воздушниот сообраќај, може значително и директно да придонесе за поголема безбедност на летовите. Комуникацискиот систем е можеби најважниот систем за управување со безбедноста што овозможува брза комуникација на контролорите на летање на релација воздух – земја  или земја – земја, меѓу авионите или со околните центри за летање.

nov-komunikaciski-softver-za-pogolema-bezbednost-na-vozduhoplovniot-sobrakjaj-01

М-НАВ, Македонска навигација како тело што ги овозможува сите услуги поврзани со воздухопловната навигација е надлежно за контрола на воздушниот сообраќај во цивилното, спортското и военото воздухопловство. Соодветно на тоа, Македонска навигација ја обезбедува безбедноста на воздушниот простор и затоа мора да биде опремена со адекватен, функционален и апликативен навигациски систем.

Двете комуникациски релации од кои е составен системот на Македонска навигација се воздух-земја комуникациски систем и земја – земја комуникациски систем. Но, опремата и за едниот и за другиот која се користи и е инсталирана на Солунска Глава како и во контролните кули на двата македонски аеродроми и има за цел да обезбеди одлична радио покриеност на целата територија на Република Македонија, е застарена и е потребно да се обнови.Токму затоа, Македонска навигација, М-НАВ отвори јавен тендер барајќи некоја од меѓународните реномирани компании да понуди решение за нов модерен комуникациски систем.

Новиот ситем на Македонска навигација ќе и помогне во поголема интероперабилност со соседните држави и висока ефективност на контрола на воздушниот сообраќај  што се базира на сигурни и напредни системи. 

nov-komunikaciski-softver-za-pogolema-bezbednost-na-vozduhoplovniot-sobrakjaj-2

Важноста на еден ваков, современ и далеку поефективен систем и потребата од напредна технологија која што ги поддржува релевантните аеродромски стандарди во однос на бараната безбедност, е потврдена од искуствата на аеродроми низ целиот свет. Еден од тие стандарди имплементиран во ваков безбедносен систем е така наречениот „FAB - FunctionalAirBlock", којшто ја гарантира добрата и функционална соработка меѓу соседните земји. Истиот овој систем за комуникација е имплемтиран меѓу аеродромите во Романија и Бугарија и нивните провајдери на услуги за воздухопловна навигација, како и меѓу Франција и Европската организација за безбедност во авио навигацијата.

Новата, модернизирана технологија и модерен комуникациски софтвер, што е прилагодлив на барањата и потребите на Македонска навигацијаМ-НАВ, може значително да ја зголеми безбедноста во аеросообраќајот и ќе овозможи сигурна и функционална контрола на воздушниот сообраќај.

Би можело да ве интересира:

Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина ...
Живописни цркви и манастири посветени на света Петка, низ Македонија На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат н...
Детали од свадбата на Антониа и Роберт: Влегоа со синот Киан, невестата со 2 венчаници и патики Невестата смени две венчаници и облече патики, првиот танц им беше на една од на...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на мај нестабилно време, можни се и поплави“ „До самиот крај на месец мај ќе се задржи значително топлото време, но и понатам...
Првата македонска пилотка во Wizz Air елегантна на гала забава во Будимпешта - Униформата ја замени ... Во асиметричен фустан со гол грб, во комбинација со црни салонки, Ива изгледаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg