„Има Излез!“ Кампања на БОРКА и Пи Ворлд за борба против ракот во Македонија
- Детали
- среда, 31 мај 2017
По повод 10 годишнината од своето формирање, здружението БОРКА заедно со креативната агенција Пи Ворлд ја започна кампањата за подигнување на свесноста за ракот, со цел да им укажат на граѓаните за сериозноста на овој проблем, да ги поттикнат властите и здравствените институции да превземат активности во насока на решавање на овие живото-загрозувачки проблеми.
Во кампањата главни ликови се членки од БОРКА, жени оперирани од рак, кои прв пат ја отворија својата душа пред јавноста и проговорија за стравот, болката, неизвесноста, но и за надежта, истрајноста и храброста да се соочат со дијагнозата и преку пораки изразија благодарност до оние кои биле покрај нив во текот на лекувањето.
“БОРКА веќе 10та година помага и дава поддршка на пациентите и нивните семејства. Истовремено работи на подигнување на свесноста за оваа болест, информира и врши едукација на населението, лобира кај властите за подобрување на квалитетот на живот на пациентите заболени од рак, но за жал, сугестиите за промени тешко допираат до надлежните, но и до народот. Секогаш тоа е нешто кое му се случува на некој друг. Но, ракот не е болест на индивидуата, туку тоа е болест на целото семејство. Тоа е болест на целото општество и потребна е масова мобилизација на сите чинители во општеството за да може да се променат бројките и да се спасат повеќе човечки животи, бидејќи во моментов, Mакедонија е една од водечките земји во светот по смртност од рак – трета во Европа”, вели Биба Додева, Претседател на здружението.
Во Македонија, 20 нови пациенти се дијагностицираат со некаков вид на рак , а 13 пациенти од рак умираат дневно во Македонија.