Како се создаваат урбани топоними

Сакајќи да разбереме за што навистина служат спомениците, кенотафите, скулптурите и другите градски обележја, тргнавме во потрага низ историјата и историското наследство за да разбереме кој, како и зошто создава урбани топомини

kako-se-sozdavaat-urbani-toponimi-05.jpg

Спомениците, скулптурите, киповите, вајарските дела се незбежни културни и историски остатоци од минатите времиња што сведочат за присуството на луѓето на одреден простор, за предците што го обликувале и на него развивале одредена култура.

Меѓу нив има и подвижни примероци, во кои се вбројуваат сите остварувања во сликарството, кипарството и занаетчиството. Во недвижни споменици спаѓаат градбите или делови од нив, а културното наследство и неговата заштита е комплексна активност што вбројува многу професии.

Културното наследство е сé она што му припаѓа на народот, а се зачувало на просторот што тој го населува, објекти во кои се чувствува размената на енергии и мешањето на различните тенденции, религии и народи што поминале низ тој простор.

И низ Скопје ќе наидете на такви докази на културата, значајни жаришта, објекти и примероци со „документарна разбирливост“, но и онакви што врескаат со последниот збор на естетиката, нови, модерни зданија и мали, шармантни дела на нечии вешти и волшебни раце.

Дел од тие споменици станаа урбани топоними што го интерпретираат духот на градот што дише со слобода и автентичност, влегоа во терминологијата и фразеологијата на овој град, станаа препознатлива рефлексија на некое време и ни сраснаа во срцата.

kako-se-sozdavaat-urbani-toponimi-02.jpg

Градската шмизла или девојчето што чека зелено светло на пешачки премин се дел од Скопската панорама и се препознатливо градско обележје.

Токму овие фигури, како и неколку останати се дел од една досетлива иницијатива за „облекување“ на спомениците во магента боја и за разубавување на градот во оваа врнежлива и здодевна пролет. Скопјани не знаат за што точно се работи, но оваа луцидна активација предизвикува восхит и ведрина кај минувачите, бидејќи ја реактуелизира врската на домицилите на овој град со контекстот во кој живеат и амбиентот со кој пораснале.

kako-se-sozdavaat-urbani-toponimi-06.jpg

И овие споменици, попрецизно нивните нови, урбани компоненти се едни од реквизитите што преку Lenz апликација овозможуваат прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz.

Оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација им овозможува на корисниците да искусат една сосема нова димензија, a може да се симне бесплатно преку Google play и App Store.

Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска, Пере од „Нокаут“: Кои познати Македонци добија дете во 2023-та? 2023-та е година на бебиња во Македонија. Пере од „Нокаут“ доби четврта ќерка, a...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg