Над 17.000 основци учествуваа во проектот на Пивара Скопје за безбедни и здрави школски денови

Веќе четврта година по ред, Пивара Скопје, во соработка со општините, го реализира едукативниот проект на теми поврзaни со здравјето и безбедноста, наменет за учениците од четврто одделение. Оваа година со едукацијата беа опфатени над 8.000 ученици во 114 основни училишта во 11 општини и градови ширум земјата. Со ова, вкупната бројка на ученици кои во овие четири години има можност да се едуцираат за безбедни и здрави школски денови надмина 17.000.

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-05.jpg

Проектот се реализира преку интерактивни и сликовити презентации кои се прилагодени на возраста на учениците, преку кои тие, во присуство на своите наставници, добиваат совети за тоа како правилно да го држат телото при седење во училишната клупа и при работа со компјутер, како правилно да го носaт школскиот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање и за тоа како да постапат при евентуална појава на пожар во училиштето.

Традиционално, и оваа година, реализацијата на презентациите официјално започна на 28. aприл - Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа. Во изминатите пет недели, презентациите ги изведуваа над 70 вработени во Пивара Скопје во што се вложени над 160 часови волонтерска работа. Сите вработени во компанијата редовно се обучуваат во областа на здравјето и безбедноста при работа, со што стекнуваат соодветно знаење кое преку овој проект имаат можност да им го пренесат и на учениците.

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-01.jpg

„Уште од почетокот на овој проект во 2014-та година, наидуваме на исклучително позитивен прием кај учениците кои со голем ентузијазам ги прифатија советите што им ги пренесуваме преку овие презентации. Тоа ни влева дополнителна енергија и мотив да продолжиме со ваквиот вид проекти чија цел е да ја поттикне и развие свеста кај најмладите за значењето на правилата кои обезбедуваат безбедни и здрави школски денови“, изјави Ламбро Патче - менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, потсетувајќи дека оваа година компанијата започна и проект за едукација на учениците од прво до петто одделение за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот. „На ваков начин, преку спој на едукација и забава, се обидуваме кај најмладите да создадеме здрави навики и вистински однос кон заштитата на животната средина кои според сите искуства најдобро се стекнуваат уште во рана возраст. Среќни сме што имаме ваква можност преку која можеме да го дадеме нашиот придонес кон создавањето здрава генерации и одржлива иднина за сите“, потенцира Патче.

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-03.jpg

Пивара Скопје континуирано се грижи и вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени, но и на потрошувачите и пошироката заедница. За досегашните достигнувања и активностите на ова поле, компанијата е добитник на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Пивара Скопје е меѓу првите компании во земјата која го има воведено и е сертифицирана според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здавјето при работа – OHSAS 18001.

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-10.jpg

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-15.jpg

nad-17-000-osnovci-uvestvuvaat-vo-proektot-na-pivara-skopje-za-bezbedni-i-zdravi-skolski-denovi-18.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg