Најневообичаените споменици во светот
- Детали
- четврток, 25 мај 2017
Луѓето на патување вообичаено со среќаваат со исти или слични типови на споменици: луѓе на коњи, генерали, кралеви со визионерски поглед во иднината или фонтани со разни украси.
Понекогаш, сепак наидуваме на малку поинакво видување на реалноста претворена во вечни украси на плоштадите и парковите. Некои од нив се комплетно бизарни, но други пак навистина предизвикуваат чувство на восхит и се незаборавни уметнички дела.
Погледнете кои се најневообичаените споменици на светот и споделете со пријателите...
Jason deCaires Taylor е одговорен за оваа скулптура од цемент под вода на која се прикажани луѓе во своите вообичаени секојдневни активности, како возење велосипед или гледање телевизија. Дополнителна убавина и даваат морските растенија што комплетно ги обраснале.
20 метри долгата скулптура на девојка што се капе се наоѓа во езерото Алстер во Хамбург. Од водата извираат само главата и колената на девојка.
Споменик посветен на инсектите што се одговорни за уништување на сите насади во околината на градче во Алабама, на почеток на 20 век. Од тогаш тамошните жители наместо памук, одгледуваат други градинарски култури и во таа смисла повеќе немаат проблеми со инсектите.
Во градскиот парк во Скопје, денес осамнаа неколку споменици дотерани со парчиња облека во магента боја. Скопјани не знаат за што точно се работи, но секако оваа луцидна иницијатива предизвикува восхит и ведрина кај минувачите.
И овие споменици, попрецизно нивните додатоци се едни од реквизитите што преку Lenz апликација овозможуваат прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz.
Оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација им овозможува на корисниците да искусат една сосема нова димензија, a може да се симне бесплатно преку Google play и App Store.
Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.