Бесплатни услуги за корисниците на Телеком во јуни, заради пречките од невремето
- Детали
- четврток, 25 мај 2017
Корисниците на Телеком кои имаа прекини и проблеми со услугите и содржините во вторникот (23.05.2017) поради невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини.
MaxTV корисниците ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1 и M1Gold.
Корисниците на Smart постпејд и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници во јуни ќе добијат 1 GB интернет бесплатно.
Двојно повеќе мобилен интернет во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Magenta 1 Business и Business Mobile, додека останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет во јуни.