Вие ја избравте “на шарпланински начин”!
- Детали
- петок, 21 април 2017
Argeta за првпат создава вкус по ваш избор и по инспирација на нашите истражувачи, кои ја црпеа од прекрасните македонски региони.
Гласањето е завршено, познат е новиот Argeta вкус од Македонија! Најмногу гласови освои вкусот “на шарпланински начин”, новиот вкус ќе пристигне на полиците во маркетите до крајот на оваа година.
Најмногу ја сакате со звукот на довикувањата што одекнуваат од Лепенец до Вруток. Со едноставноста на мирисите на полските цвеќиња, занишани од повторливо ветре. Со вревата на пазарите и ритамот на ценкањето. Таму каде што јазиците се мешаат во една опојна мелодија на разбирање и соживот. Со млекото од безбројните стада, кое ги напојува жедните усни на сите подеднакво. Со звуците на свадбената музика од која сечие срце заигрува. На јавање коњи, кај Тонивода. Со хаику моменти крај шумот на Радика. Со мирис на свеж кашкавал со топло лепче сред ливада.
Доколку сакате да дознаете повеќе совети за патување во побеничкиот регион, посетете ја нашата веб страница.