Се одбележува Светскиот ден на хемофилијата – ФФМ го слушна гласот на хемофиличарите

Светскиот ден на хемофилијата секоја година се одбележува на 17 април, а тоа е прилика јавноста на најдобар начин да се информира за хемофилијата - наследна генетски условена состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето.

se-odbelezuva-svetskiot-den-na-hemofilijata-ffm-go-slusna-glasot-na-hemofilicarite-1_copy_copy.jpg

Светскиот ден на хемофилијата се одбележува ширум светот, здруженијата укажуваат и ги информираат поединците, семејствата, заедницата, но и бројни спортски организации и национални Федерации се со цел и тие да дадат свој придонес и поддршка за милиони жени и девојчиња со нарушувања во крварењето.

По тој повод денеска во „Куќа на фудбалот“ се одржа прес конференција на која генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски ја пренесе пораката со поддршка за здружението на хемофиличари на Македонија.

se-odbelezuva-svetskiot-den-na-hemofilijata-ffm-go-slusna-glasot-na-hemofilicarite-2.jpg

„Дружењето по повод Светскиот ден на хемофилијата за сите нас е од едукативен карактер. ФФМ како општествено одговорна институција секогаш ќе поддржува вакви настани и ќе праќаме порака дека сите ние го слушаме вашиот глас. Фудбалската топка е алат кој поврзува и ги руши предрасудите. Фудбалот навистина има потенцијал да влијае на многу работи и ние сме благодарни што нè примивте во вашето семејство и добивме можност гласно да проговориме за хемофилијата“, истакна Филип Поповски.

Присутните од здружението на хемофиличари заедно со децата од ЗХМ го следат натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн до 16 години.

se-odbelezuva-svetskiot-den-na-hemofilijata-ffm-go-slusna-glasot-na-hemofilicarite-3.jpg

se-odbelezuva-svetskiot-den-na-hemofilijata-ffm-go-slusna-glasot-na-hemofilicarite-4.jpg

se-odbelezuva-svetskiot-den-na-hemofilijata-ffm-go-slusna-glasot-na-hemofilicarite-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Ракометарот Филип Кузмановски ќе стане татко - сопругата Моника објави трудничка фотосесија Сопругата на нашиот ракометар сподели неколку фотографии на Инстаграм и откри де...
Павле Камилоски прави склекови на паркинг на Водно, Дац слави роденден: Што прават македонските ѕвез... Водителката Елена Стојановска објави ретка семејна фотографија со сопругот и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg